Сошани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сошани

Поглед на селото Сошани

Сошани во рамките на Македонија
Сошани
Местоположба на Сошани во Македонија
Сошани на карта

Карта

Координати 41°19′14″N 20°52′14″E / 41.32056° СГШ; 20.87056° ИГД / 41.32056; 20.87056Координати: 41°19′14″N 20°52′14″E / 41.32056° СГШ; 20.87056° ИГД / 41.32056; 20.87056
Регион  Југозападен
Општина  Дебрца
Област Дебрца
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Шифра на КО
Надм. вис. 1.151 м
Слава Петровден
Сошани на општинската карта

Атарот на Сошани во рамките на општината
Сошани на Ризницата

Сошани — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Сошани се наоѓа во областа Дебрца, сместено во подножјето на Илинска Планина. Од градот Охрид е оддалечено 36 километри, со кои е поврзан со алсфалтен пат.

Сошани има електрично снабдување, поврзано е телефонски, има водовод, селска чешма, а низ него поминува и Сошанска Река.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Сошани се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.

Во Илинденското востание од ова село излегле доста комити (со оглед на големината на селото), помеѓу повлијателните комити од ова село се знаат Димитрија Петрески, Ристо Петрески, Дичо Петрески, Трајче Тодороски, Ристо Андрески, Јане Димитриески, Совран Иљоски, и др. За време на востанието и ова село било запалено, но е непознато поради што.

За време на НОБ селото активно учествувало во борбите против окупаторите, а помеѓу селата Сошани и Велмеј постоела партизанска болница, во НОБ најистакнат деец од ова село бил Вељан Андрески.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948108—    
195399−8.3%
1961112+13.1%
1971111−0.9%
198180−27.9%
ГодинаНас.±%
199124−70.0%
199418−25.0%
200215−16.7%
20212−86.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сошани имало 30 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сошани имало 24 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Сошани живееле 15 жители, сите Македонци.[6]

Во 2008 година во селото живееле 11 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, од кои 1 Македонец и 1 лице без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 30 24 108 99 112 111 80 24 18 15 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Сошани е македонско православно село. Селото е едно од помалите во Дебрца, но не секогаш било така. Народната традиција наведува дека во минатото постоело селото Старо Сошани, кое и е заведено во турскиот пописен дефтер од 1582 година како село во Охридскиот санџак, нахија Дебрца. Но, тоа село пропаднало и еден дел од населението се префрлило и го основало денешното Сошани, а други отишле во селата: Велмеј, Слатински Чифлик, Грко Поле, Лешани, потоа во кичевските села Белица и Прострање, како и во селото Оровник. Тоа Сошани имало 90 домаќинства.[12]

Родовите во Сошани сите се староседелски односно доселени од Старо Сошани. Родови се: Петревци со Димитриевци"" (6 к.); Иљовци (5 к.); Иловска Анѓа(жива 108 г.1880-1988)Андреевци (2 к.); Трпевци (5 к.) и Тодоровци (3 к.). Во родот Петревци го знаат следното родословие: Трене (жив на 80 г. во 1990 година) Ристе-Димитрија-Петре.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Сошани се:[13]

  • Староседелци: Петревци (5 к.); Иљовци и Андревци (2 к.) и Трпевци (6 к.).
  • Доселеници: Стевчевци (1 к.), доселени се во 1922 година од селото Слатински Чифлик, каде имаат истоимени роднини.
  • Роми: Веизовци (1 к.), доселени се во 1921 година од селото Велмеј, подалечно потекло од Кичево.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на тогашната Општина Издеглавје, во која покрај селото Сошани, се наоѓале и селата Издеглавје, Оздолени, Слатино и Слатински Чифлик. Во периодот 1950-1952 година, селото Сошани се наоѓало во некогашната Општина Слатински Чифлик, во која влегувале селата Издеглавје, Оздолени, Слатино, Слатински Чифлик и Сошани.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1327 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“ на излезот од селото
Цркви[16]
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, сместена источно од селото на околу 800 метри, до која води добро тампониран пат. Точната година на изградба не е позната. Црквата е поврзана со електрична енергија и водовод, во склоп на црквата се наоѓаат и селските гробишта. До црквата се наоѓа камбанарија, како и помошни објекти (трпезарија, кујна). Внатрешноста на црквата е со добро сочувани стари икони.
  • Црква „Св. Никола“ — осветена на 1 август 2010 година, сместена на околу 300 метри источно од црквата „Св. Ѓорѓи“. Изградена е на стари темели од црква од VI век. Била изградена со сопствени средства од мештаните. Поврзана е со електрична енергија и водовод. Празник на црквата е Св. Никола Талалеј на 2 јуни. Во склоп на црквата се наоѓаат помошни објекти (кујна, трпезарија).

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Во постаро време се иселиле во Долно Лакочереј, Матевци или Милевци, Сошанковци во Велмеј, Петревци во Острилци Железник/крушевско, Петревци (2) се иселиле во Грко Поле, Иљовци во Слатински Чифлик, Цветковци се иселени во Оровник. А постари иселеници има и во Белица, Прострање, Орланци, Зајас.[2][12]

Од после Втората светска војна иселеници има во Охрид, Скопје (пред сѐ во населбата Ѓорче Петров), Зеница (Босна и Херцеговина), Австралија, Австрија, Германија, Швајцарија.[2]

Од Петревци иселеници има во Оровник (како една куќа во 1850 година, а сега 3 к.), од Трпчевци иселеници има во Оровник (две куќи, од 1848 година).

Родот Петревци (6 к.) се иселил во 1812 година во селото Острилци, Крушевско, во Сошани припаѓале на родот Петревци.[13]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Смилески, Димитар (2008). Оздолени, Слатински Чифлик и Сошани. Охрид.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 октомври 2016.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  13. 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Дебрца-Сошани. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]