Турје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Турје
Поглед на село Турје од Гробиштата.jpg
Турје is located in Македонија
Турје
Местоположба на Турје во Македонија
Координати 41°24′48″N 20°51′59″E / 41.41333° СГШ; 20.86639° ИГД / 41.41333; 20.86639Координати: 41°24′48″N 20°51′59″E / 41.41333° СГШ; 20.86639° ИГД / 41.41333; 20.86639
Општина Coat of arms of Debarca Municipality.svg Дебарца
Население 17 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1256 м
Турје на општинската карта
Турје во Општина Дебарца.svg

Атарот на Турје во рамките на општината


Турје е село во Општина Дебарца, недалеку од патот Кичево - Охрид.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Не е јасно сосема од каде е името на селото, според некои претпоставки можно е да го добило бидејќи еднаш било турено (рушено).[1][2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Турје се наоѓа во областа Дебарца, на северните падини на Илинска Планина. Селото е оддалечено 33 километри јужно од Кичево и 40 километри северно од Охрид. Атарот на селото Турје граничи со атарите на селата Сливово на југозапад, Мраморец на југ, Козица на исток, Свињиште, Брждани и Јудово на исток, североисток и север, и Малкоец на северозапад.[1] Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Подпеш, Добра Вода, Чешма, Изворче, Неговиште, Пепелкојца, Миајлев Дол, Касапница, Карџаној Падини, Коловоз, итн.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Турје е многу старо село, за прв пат се спомнува под името Турје во 1582 година и спаѓало во Охридскиот Санџак, нахија Дебарца. Селото еднаш пропаднало па го обновиле родови кои живееле во месноста Касапница, тоа било во ХVIII век.[2] За време на Илинденското востание селото дало доста борци, па така од одмазда Турците го запалиле селото, и запалиле 64 куќи. Селото било запалено до темел и во текот на Втората светска војна, а од балистите биле стрелани 4 жители.

Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства со 110 жители христијани (Македонци).[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Турје живееле 320 жители, сите Македонци.[4]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Турје имало 456 Македонци, егзархисти.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Турје живеат 17 жители, сите Македонци.[6]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[7]

<tbody></tbody>
Година1900190519481953196119711981199119942002
Население320[4]456[5]49249333820587383617

Родови[уреди | уреди извор]

Поголемиот број родови во селото се староседелски, кон крајот на ХVIII век родовите се поместиле од месноста наречена Касапница, која лежела западно од денешната местоположба на селото.

Родови во селото се: Трпчевци (6 к.), Андреевци (5 к.), Николовци (4 к.), Тодоровци (3 к.), Стефановци (2 к.), Тунтевци (2 к.), Здравевци (2 к.) и Војневци (1 к.) староседелски родови, кои живееле во месноста Касапница, во родот Трпчевци се знае следната генеологија Стојмир (жив на 67 год. во 1980 година) Богоја-Ѓорче-Митре-Ристе-Трпче, основачот на родот кој се поместил од месноста Касапница кон крајот на 18ти век, целосно се иселени староседелските родови Дебељаковци и Таневци; Корџановци (3 к.) доселени се од некое село во околината на Корча (во Албанија), ја знаат следната генеологија Сандре (жив на 70 год. во 1980 година) Костадин-Јоан-Трпе, основачот на родот кој се доселил во првата половина на 19ти век; Петревци (1 к.) доселени се од селото Издеглавје.[2]


Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година родови во селото се:

  • Староседелци: Николовци (11 куќи) живеат во маалото Ореше, и слават Св. Никола летен или Пантелеј; Тунтевци или Јовевци (3 куќи) живеат во Ореше, слават Св. Никола; Смутревци (4 куќи) се делат на Здравевци (3 куќи) и Алексијевци (1 куќа) Здравевци живеат во Маало Трпчевци, додека Алексијевци во Смутревци, слават Св. Никола; Алексовци (7 куќи), Грујовци или Панаѓијовци (1 куќа) и Андревци (9 куќи) се еден род, и живеат по целото село, и сите слават Св. Никола; Трпчевци (10 куќи) живеат во своето Маало Трпчевско, 9 куќи, а 1 куќа живее во Крајчевско Маало; Шукдуровци (2 куќи), Антиловци или Поповци (2 куќи), Муринковци (2 к.) и Богдановци (2 к.) живеат во Трпчевско и Крајчевско Маало, и слават Св. Никола зимен; Радичовци (9 куќи) се делат на Стефановци (3 куќи), Пидуровци или Настовци (2 куќи) и на Кисковци (4 куќи) живеат во своето Радичовско Маало, и слават Св. Никола летен; Крајчевци (13 куќи) се делат на Војневци (1 куќа), Дебељаковци (4 куќи), Марковци (2 куќи), Таневци (3 куќи), Илијовци (1 куќа) и Новевци (2 куќи) живеат во своето Крајчевско Маало, и слават Св. Никола зимен.
  • Со непозната старина се: Дуковци (1 куќа) некои ги сметаат за староседелци.
  • Доселеници: Корџановци (3 куќи) доселени се од некое село кај Корча, Албанија во 1880 година. Живеат во Смутревско Маало, и слават Св. Никола; Јолевци (2 куќи) доселени се 1908 година од Издеглавје, подалечно потекло имаат од некое место Уљуф во Голо Брдо, денес во Албанија. Живеат во Крајчевско Маало, слават Св. Никола летен.[1]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Турје[уреди | уреди извор]


Иселеништво[уреди | уреди извор]

Постари иселени родови се:

Од крајот на 1950-тите години миграциите од селото се исклучиво во градовите, селото Другово и прекуокеанските земји.

Иселеници највеќе има во Кичево (15 куќи), Охрид (10 куќи), Битола (10 куќи) и Скопје (10куќи). Други иселеници има во Струга, Прилеп, Тетово, Гостивар, како и во Австралија.

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1948:

  • Од Николовци во: Земун (две семејства од 1930 година) и во Славеј (две семејства од 1943 година).
  • Од Тунтевци во: Охрид (три семејства од 1925 година).
  • Од Смутревци во: Софија (три семејства од 1919 година), Големо Црско (двајца домазетовци од 1942 година), Крушево (едно семејство од 1947 година), Прилеп (едно семејство од 1924 година) и во Скопје (едно семејство од 1947 година).
  • Од Алексовци во: Битола (едно семејство од 1919 година).
  • Од Грујовци во: Мраморец (како домазет од 1935 година).
  • Од Андревци во: Врбјани (како домазет од 1936 година).
  • Од Трпчевци во: САД (едно семејство од 1920 година) и во Пепелиште (две семејства од 1943 година).
  • Од Антиловци во: Белград (едно семејство од 1922 година).
  • Од Богдановци во: Бугарија (едно семејство од 1903 година).
  • Од Стефановци во: Кладник (како домазет од 1928 година) и во Србјани (како домазет од 1928 година).
  • Од Настовци во: Битола (едно семејство од 1920 година) и во Белград (едно семејство од 1928 година).
  • Од Војневци во: Пепелиште (едно семејство од 1943 година)
  • Од Таневци во: Свињиште (како домазет од 1928 година), Бугарија (едно семејство од 1919 година) и во Албанија (едно семејство од 1908 година).
  • Од Илијовци во: Белица (како домазет од 1918 година), Свињиште (како домазет од 1918 година), Цер (како домазет од 1918 година) и во Прибилци (едно семејство од 1923 година).
  • Од Новевци во: Бугарија (едно семејство од 1919 година).
  • Од Корџановци во: Бугарија (едно семејство од 1919 година).

Во селото Прибилци, Железник има род Турјановци доселен во Прибилци во 1923 година, во селото Турје припаѓаат на некој род.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 . . Архив МАНУ Фонд „ Бранислав Русиќ “ АЕ 89/1. „ Дебарца “ Турје. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-Струшка област. Белград: САМУ. стр. 301-302-303. 
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.102-103.
  4. 4,0 4,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр 253.
  5. 5,0 5,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 162-163.
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  8. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 1353-1354. 
  9. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. 
  10. 10,0 10,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]