Војводина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Автономна Покраина Војводина
српски: Аутономна Покрајина Војводина
унгарски: Vajdaság Autonóm Tartomány
хрватски: Autonomna Pokrajina Vojvodina
словачки: Autonómna pokrajina Vojvodina
романски: Provincia Autonomă Voivodina
русински: Автономна Покраїна Войводина
Знаме Грб
Војводина (црвено)
Војводина (црвено)
Главен град
(и најголем)
Нови Сад
45°19′N 19°51′E / 45.317° СГШ; 19.850° ИГД / 45.317; 19.850
Службен јазик српски, унгарски, словачки, романски, хрватски, русински
Уредување Управа
 •  Претседател на владата Игор Мировиќ
 •  Претседател на собранието Иштван Пастор
Автономија
 •  Српска Војводина 1848 
Површина
 •  Вкупна 21,506 км2 (н/п)
 •  Вода (%) н/п
Население
 •  Попис 2011 1.931.809 
 •  Густина 89,85 жит/км2 (nн/п)
Часовен појас CET (UTC+1)
 •  (ЛСВ) CEST (UTC+2)

Војводина е автономна покраина во рамките на Република Србија. Нејзин главен град, а воедно и најголем град во Војводина е Нови Сад. Војводина е со мешан етнички состав, повеќе од 26 различни етнички групи и 6 службени јазици.Војводина има околу 2000000 жители, од који најмногу се Срби (65%-70%), потоа Унгари (14%), Словаци (2,79%), Хрвати (2%), Југословени (2%), Црногорци (1,80%), Буњевци (1,50%), Македонци во Качарево, Јабука, Пландиште и Зрењанин и други националности. Религија: Православни 70%, Католици 17%, Протестанти 3,50% и други

Vojvodina karta.png

Историја[уреди | уреди извор]

Големиот народен собор на Србите, Буњевците и другите Словени во Банат, Бачка и Барања го прогласило обединувањето на Војводина со Кралството Србија, 1918.

Со крајот на Првата светска војна, Австро-Унгарската империја се распаднала. На 29 октомври 1918, Срем станал дел од Државата на Словенците, Хрватите и Србите. На 31 октомври 1918, била прогласена Банатска Република во Темишвар. Унгарската влада ја признала нејзината независност, но тоа траело кратко.

На 25 ноември 1918, Големиот народен собор на Србите, Буњевците и другите Словени во Банат, Бачка и Барања во Нови Сад го прогласило обединувањето на Војводина (Банат, Бачка и Барања) со Кралството Србија (Соборот броел 757 делегати, од кои 578 биле Срби, 84 Буњевци, 62 Словаци, 21 Русини, 6 Германци, 3 Шокци, 2 Хрвати и 1 Унгарец). Еден ден претходно, на 24 ноември, во Рума било прогласено обединувањето на Срем со Србија. На 1 декември 1918, Војводина (како дел од Кралството Србија) официјално станала дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Помеѓу 1929 и 1941, регионот бил дел од Дунавската бановина. Нејзино седиште бил Нови Сад.

Галерија[уреди | уреди извор]