Долно Средоречие

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долно Средоречие
Викиекспедиција Дебарца 162.jpg

Поглед на селото Долно Средоречие

Долно Средоречие is located in Македонија
Долно Средоречие
Местоположба на Долно Средоречие во Македонија
Координати 41°17′42″N 20°50′42″E / 41.29500° СГШ; 20.84500° ИГД / 41.29500; 20.84500Координати: 41°17′42″N 20°50′42″E / 41.29500° СГШ; 20.84500° ИГД / 41.29500; 20.84500
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Debarca Municipality.svg Дебарца
Област Дебарца
Население 57[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Надм. вис. 779 м
Слава Ѓурѓовден
Commons-logo.svg Долно Средоречие на Ризницата


Долно Средоречие — село во Општина Дебарца, во областа Дебарца, во околината на градот Охрид.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Долно Средоречие се наоѓа во областа Дебарца. Околни села се Грко Поле на запад, Горно Средоречие на север, Злести на југозапад, Лешани на југоисток, и Белчишта на запад.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век, Долно Средоречие се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебарца, во Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горно Средоречие имало 72 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Средоречие имало 32 жители.[4]

Во 1953 и 1961 година, бројот на жители во селото бил пресметан во вкупното население на блиското село Горно Средоречие.[заб 1]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 57 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]

Националност Вкупно
Македонци 57
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 72 32 111 70 71 66 55 57
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Долно Средоречие е македонско православно село. Селото е младо по постанок, настанато е средината на XIX век кога е настанато и Горно Средоречие.

Родови во селото се: Цељковци (5 к.) и Циљкановци (5 к.) овие два рода се доселени од селото Белчишта; Ботунци или Мацевци (5 к.) доселени се од селото Ботун, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од градот Закамен во Струшка Малесија.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Долно Средоречие се:

  • Староседелци: Циљкановци или Ѓулевци (7 к.), по преданието тие живееле во атарот на селото, но кога Турците го претвориле селото во чифлик, се иселиле, од каде Циљковци се иселиле во Белчишта околу 1840 година, па околу 1890 година се вратиле во Долно Средоречие.
  • Доселеници: Цељковци или Чакулевци (6 к.), доселени се во 1895 година од селото Горно Средоречие, а таму се доселиле од Издеглавје; Рајчиновци или Петковци (1 к.), доселени се во 1916 година од селото Белчишта, таму припаѓале на истоимениот род; Мацевци (2 к.), доселени се во 1919 година од селото Ботун, каде припаѓале на истоимениот род.[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебарца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало седиште на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото дел од тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Долно Средоречие, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Белчишта се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[9]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Чакулевци иселеници има во Охрид (една фамилија, од 1919 година).[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 1 октомври 2016. 
  2. 2,0 2,1 2,2 . Архив МАНУ Фонд „ Бранислав Русиќ “ АЕ 89/1. „ Дебарца “ Долно Средоречие. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
Забелешки
  1. Податоците за населеното место Долно Средоречие, согласно важечките територијални организации, во пописите од 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Горно Средоречие.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]