Прејди на содржината

Општина Белчишта

Од Википедија — слободната енциклопедија
За истоименото село, видете Белчишта.
Општина Белчишта
денес дел од
Општина Дебрца

Поглед кон поранешната општинска зграда во Белчишта

Границите на Општина Белчишта во периодот 1996-2005 година
Општи податоци
СедиштеБелчишта
РегионЈугозападен Регион
Основана1913, 1996-2004
Службен јазикмакедонски
Демографија
Население2.940[1] жит.
Населени места
НародностиМакедонци
Самоуправа
Контактни податоци

Општина Белчишта — поранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога заедно со поранешната Општина Мешеишта и дел од територијата на Општина Охрид ја создале новата Општина Дебрца. Седиште на општината било селото Белчишта.[2]

Територијата на општина се наоѓала во регионот Дебрца. Најголема река во општината била Сатеска. Општината се граничела со: Општина Мешеишта и Општина Косел на југ, Општина Делогожди и Општина Луково на запад, Општина Другово на север и Општина Сопотница на исток.[1]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Заедно со Општина Мешеишта, Општина Белчишта според пописот од 2002 година го има следниот состав на население:[1]

Статистички податоци кои се водат и одделно за Општина Мешеишта и Општина Белчишта според пописот од 2002 година, етничкиот состав е следен:

Националност Општина Мешеишта Општина Белчишта
Македонци 2.403 2.921
Албанци 153 0
Турци 2 0
Роми 0 0
Власи 1 0
Срби 2 6
Бошњаци 0 0
останати 6 13
  1. 1 2 3 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 7 август 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. 1 2 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°18′10″N 20°49′49″E / 41.30278°N 20.83028°E / 41.30278; 20.83028