Општина Мешеишта
Изглед
Општина Мешеишта денес дел од Општина Дебрца | |
Границите на Општина Мешеишта во периодот 1996-2005 година | |
| Општи податоци | |
| Седиште | Мешеишта |
| Демографија | |
| Население | 2.567[1] жит. |
| Населени места | 6
|
| Самоуправа | |
| Контактни податоци | |
Општина Мешеишта — поранешна општина во Југозападна Македонија, создадена во 1996 година,[2] а престанала да постои според законот за територијална поделба на Македонија во 2004 година, кога заедно со поранешната Општина Белчишта и дел од територијата на Општина Охрид ја создале новата Општина Дебрца. Центар на општината било селото Мешеишта.[2]
Населени места
[уреди | уреди извор]Во Општина Мешеишта спаѓале следниве села: Волино, Горенци, Климештани, Мешеишта, Оровник и Требеништа.
Демографија
[уреди | уреди извор]Заедно со Општина Белчишта, Општина Мешеишта според пописот од 2002 година го има следниот состав на население:[1]
Статистички податоци кои се водат и одделно за Општина Мешеишта и Општина Белчишта според пописот од 2002 година, етничкиот состав е следен:
| Националност | Општина Мешеишта | Општина Белчишта |
| Македонци | 2.403 | 2.921 |
| Албанци | 153 | 0 |
| Турци | 2 | 0 |
| Роми | 0 | 0 |
| Власи | 1 | 0 |
| Срби | 2 | 6 |
| Бошњаци | 0 | 0 |
| останати | 6 | 13 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 18 октомври 2014.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- 1 2 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.
Поврзано
[уреди | уреди извор]| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
