Општина Кисела Вода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кисела Вода

Map of Kisela Voda Municipality, Macedonia.svg

Знаме на Општина Кисела Вода Грб на Општина Кисела Вода
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Град Скопје
Површина 34,24 км²
Демографија
Население 57236 жители
Густина на население 1.671,61 жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Филип Темелковски[1]
Совет 23 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Општина Кисела Вода 1000 Скопје
Телефон 02 2779-069
Факс 02 2779-069 Лок. 130
Портал Службен портал

Општина Кисела Вода — општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Географиja[уреди | уреди извор]

Границата на Општината Кисела Вода започнува од надвозникот на железничката пруга и улицата “Трета македонска ударна бигада” (тромеѓе на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар) и се движи по трасата на старата железничка пруга до надвозникот на булеварот „Кочо Рацин“, се движи по улицата „Јордан Мијалков“, улицата „Црниче“ и улицата „346“ и излегува над институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС, односно на тромеѓето на општините Центар, Карпош и Кисела Вода, продолжува по гранизата на парк шумата “Водно” до локалитетот “Теферич”, продолжува по катастарската граница КО Сопиште и КО Драчево до железничката станица Срачево, свртува на северо-запад по железничката пруга Скопје-Велес, како граница со општина Аеродром до надвозникот на улицата “Трета македонска ударна бигада” (тромеѓе на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар).


Историја[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Општина Кисела Вода е една од најголемите индустриски зони во градот Скопје со значителен континуиран подем во последните 5 години. Бруто домашниот производ по жител изнесува 11.964 (според попис од 2002 г.). Примарната економија која генерално е составена од земјоделие зафаќа површина од 27,34 км2 и неметали со површина од 6,73 км. Секундарната и терцијалната економија на територијата на општина Кисела Вода претставуваат потенцијал за одржлив економски развој на општината. Бројот на економски субјекти според стопанските гранки кои делуваат на територија на општина Кисела Вода се: 1.910 вклучени во производство; 908 во градежништво; 490 во хотели и ресторани; 1.492 економски субјекти вклучени во транспорт; 24 во финансии; 1.092 во недвижности; 26 вклучени во јавната администрација и 868 во комуникации. Најважни стопански гранки во општината се хемиската индустрија, транспортот и шпедицијата, градежништвото, прехрамбената индустрија и производството на безалкохолни пијалоци, трговската и услужната дејност

Демографија[уреди | уреди извор]

Општина Кисела Вода се простира во јужниот и југоисточниот дел на Скопската котлина. Источната граница на општината е до централното градско подрачје на општината Центар. Северната граница се простира по железничката линија Скопје - Велес со кој патен правец општината граничи со новофорнираната општина Аеродром. На источната и југоисточната страна граничи со општината Студеничани, а на јужната страна со планината Водно каде се простира граничната линија со општината Сопиште. Кисела Вода има правец на простирање исток - запад во должина од 14,2 км и правец север - југ во должина од 3,3 км. Во рамките на ваквите гранични линии со соседните општини, општината Кисела Вода има површина од 46,86 км2.

Во општината во непосредното градско подрачје се наоѓаат населбите Чешма и Бирарија, на ниските делови од северната страна на планината Водно се наоѓаат населбите Црниче и Пржино и во источниот дел населбите Припор и Усје. Во централниот дел од општината се наоѓаат населбите: 11 Октомври, Кисела Вода и Цветан Димов. На источниот дел од општината се наоѓаат населбите: Пинтија и Драчево.


  • Вкупна површина на општина Кисела Вода 46,86 км2
  • Вкупно население 58.216
  • Стапка на природен прираст 4,2%
  • Вкупен број на домаќинства 17.577
  • Вкупен број на станови 20.237
  • Број на населени места (населби) 14
  • Урбани населени места (населби) 8
  • Рурални населени места (населби) 6


Според пописот 2002 година

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Градоачалник на Општина Кисела Вода е Филип Темелковски. Негов претходник беше Билјана Беличанец - Алексиќ.

Подрачни единици на органи на државна управа:

-Министерство за одбрана п.е. Кисела Вода;

-Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство п.е Кисела Вода;

-Министерство за труд и социјална политика п.е. Кисела Вода;

-Меѓуопштински центар за социјална работа п.е. Кисела Вода;

-Министерсво за здравство п.е. Кисела Вода;

-Министерство за образование п.е. Кисела Вода;

-Министерство за финансии и имотно-правни односи п.е. Кисела Вода;

-Министерство за правда

-Дирекција за заштита и спасување.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Во 2017 година, општината имала вкупно 778 вработени, од кои 127 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[2] Градоначалник на општина Кисела Вода е Филип Темелковски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години. Советот на општина Кисела Вода е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

  СДСМ: 12 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 11 места

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Бидејќи Кисела Вода е претежно општина со македонско православно христијанско население, во неа редовно се организира палење на Бадниковиот оган, кога на територијата на општината се палат повеќе од 12.000 огништа на различни места. Овој настан често е придружен со настап на многу изведувачи од македонската естрада. Исто така, традиционален настан е одењето во Крушево и Пелинце, кога граѓаните на Кисела вода имаат бесплатно еднодневно патување на сметка на општината.

Збратимени општини[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. http://www.sec.mk/zakluchok-za-konechnost-na-rezultati-od-glasanjeto-vo-vtoriot-krug-na-lokalnite-izbori-2017/. посет. 3 декември 2017 г. 
  2. „Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 4-5.
  3. Кисела Вода се збратими со Бахчелиевлер од Истанбул“, Курир, 4 април 2012 (посет. 4 април 2012 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]