Антонио Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Антонио Стојановски
ДваБона
Роден(а)23 јули 1994(1994-07-23)(29 г.)
ПотеклоСкопје, Македонија Македонија
ЖанровиТрап, хип-хоп, ар-ен-би и регетон
Период на активност2015—
ИздавачиGlobal Music Entertainment
Членови
Марио Јелиќ
Антонио Стојановски

Антонио Стојановски, познат под сценското име Бонтони или Тонито (р. 23 јули 1994 во Скопје, Македонија) — македонски музички изведувач и еден од главните претставници на трап-музиката во Македонија. Бонтони и Кун (Марио Јелиќ) ја сочинуваат најпопуларната македонска музичка група 2Bona (ДваБона).

Животопис[уреди | уреди извор]

Антонио Стојановски е роден на 23 јули 1994 година во Скопје. Со музика се занимава уште во раните тинејџерски години. Својата прва студиска песна ја снимил во 2009 година заедно со Кун Марио Јелиќ. Првиот заеднички настап бил во 2010 година со уште неколку македонски рап групи во ноќен клуб во Скопје. Во 2014 година со Кун потпишуваат договор со Inovativa group, по што настанува групата 2Bona (Два бона). По неколку издадени песни под Inovativa group, 2Bona ја издаваат песната Moet под продукцијата Urban records и стануваат познати на пошироката јавност. По песната Moet ја издаваат песната Balkan и достигнуваат голема слава во Македонија и Балканот. По тој успех остваруваат низа колаборации со познати балкански sвезди, како што се: Слаткаристика, Елена Китиќ, Газда Паја, Криско, THCF, Juice и други. Во 2019 година 2Bona потпишуваат договор со продукцијата Triple M со седиште во Швајцарија, по што следуваат настапи низ цела Европа. На почетокот на 2020 година создаваат своја аудио/видео продукција Gorilla TV. Истата година ја прават песната Joker која е soundtrack за српската серија Јужни ветар и станува еден од најголемите хитови на 2Bona.

Дискографија[уреди | уреди извор]

2Bona:

Колаборации[уреди | уреди извор]

  • Moet (ft. Таско; 2018)
  • Fuego (ft. Таско & Тракер; 2018)
  • Gang gang (ft. Таско & Тракер; 2019)
  • Riri (ft. Брзотрчиљанми; 2020)
  • Big bank (ft. Бобката & Марсо; 2021)