Смиле Наумовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Смиле Наумоски
Роден/а2 мај 1951
Македонија Годивје, Македонија
ЗанимањеПисател, Поет

Смиле Наумовски е македонски поет и раскажувач.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Смиле Наумовски - Брсјак е роден на 2 мај 1951 година во с. Годивје, Охридско. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работи како наставник по македонски јазик во Охрид. Член на ДПМ од 1995 година.[2] Добитник е на наградата „Студентски збор“ за најуспешна дебитантска книга за 1978 година.[3] и добитник на награда за најдобар расказ на државно ниво во 2007 год. на конкурсот по повод 20-годишнината од смртта на Живко Чинго. Негови песни се преведувани на српски, хрватски, албански, бугарски и италијански, а со расказ е застапен во антологијата на македонски раскази на руски јазик издадена во 2009 год. во Москва.

Објавени дела[уреди | уреди извор]

  • Елементи (поезија, 1978),
  • Ковачница (поезија, 1992),
  • Ѕунка (поезија, 1996),
  • Девојката со флејта (раскази, 2000)
  • Небесна свадба (избор поезија, 2001)
  • Забранета книга (поезија, 2011)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Весник „Нова Македонија“ број 21739, 16. 07. 2009 „Охридски роднокрајни писатели во Софија“
  2. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 176.
  3. Маринела Јовановиќ, Нада Филева: „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002