Куратица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Куратица
Kuratica pogled.jpg

Поглед кон Куратица

Куратица се наоѓа во Republic of Macedonia
Куратица
Местоположба на Куратица во Македонија
Координати 41°14′31″ СГШ 20°53′26″ ИГД / 
Општина Општина Охрид
Население 326 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1080 м
Мреж. место Куратица
Commons-logo.svg Куратица на Ризницата

Куратица е село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Историja[уреди | уреди извор]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Куратица се наоѓа на 20 километри североисточно од Охрид или на 5 километри северно од патот ОхридРесен. Сместено е во пазувите на планинскиот масив Мазатар (Бајрак 1635 м) на надморска висина од 1080 метри. Селото е расположено во тесна карстна долина околу една суводолица која надојдува за време на посилни врнежи и прави штета врз домовите и нивје-то. Заради конфигурацијата на теренот селото има издолжен об-лик во насока северозапад — југоисток и спаѓа во селата со збиен тип на куќи, со мали дворишта. Се дели на три краеви: Горна Маала, Долна Маала и Средна Маала. Во Долна Маала се наоѓа селската црква Св. Никола пред чиј влез е заедничката гробница на загинатите борци во Наро-дноослободителната војна од ова село. Во непосредна близина на црквата се наоѓа Килимарницата изградена во текот на 1982 година, шго работи во состав на 33 „Рашанец" од Охрид.

Потекло на името на селото[уреди | уреди извор]

Во секојдневниот говор кај месното население и во целото охридско подрачје, селото се нарекува со името „Курајца“ или „Кураица“, а поретко и „Куратица“. Со името „Курајца“ е запишано (како додаток) и на топографската карта со размер 1:25000 изработена во 1973 година — лист Охрид, покрај официјалното име „Куратица“. Нјстар пишан документ за името на селото претставува Опширниот пописен тефтер за Охридскиот санџак од 1582 година, каде што селото е запишано како „Куратица“. Кон крајот на XVI век и почетокот на XVII век во кодиката на Слепченскиот манастир е запишано како „Куратица“, во 1888 година Верковиќ, а иодоцна и К'нчов селото го запишале како „Куратица“. Во 1892 година, во своите белешки од Охрид, Бранислав Нушиќ го запишал како „Коратица“, а со ова име се среќава и во административните акти непосредно по војната. Меѓутоа, никој од досегашните наведени автори и документи не го објаснува значењето на името на селото.

Во врска со потеклото на името на селото Куратица, кај постарите жители од ова село постојат различни мислења. Некои сметаат дека селото го добило името заради тоа што е сместено во терен што личи на корито и би требало да се вика „Коратица“ Според други, името на селото доаѓа од турскиот збор „kuri“, што значи „сув, а, о“, па оттаму и мислењето дека селото порано се викало „Суво село“ или „Суви дол“. Постои и мислење дека селото го добило името по личното име Курат или Курт.[1]

Од научниците, прв и единствен што досега се зафатил со знаечњето на името на селото Куратица е полскиот славист Влоѓимјеж Пјанка, кој го застапува мислењето дека името на селото во основа има влашко потекло и доаѓа од зборот „curat“ што значи „бистар, брз, чист“..[2] Ова, според Пјанка, доаѓа оттаму што селото се наоѓа на чист планински поток. Во прилог на тврдењето на Пјанка оди тоа тоа што одредени топоними во подрачјето на селото („Влашки Колиби“, „Влашка Чешма“, „Влашка Вода“, „Влашко Бачило“, „Влашки Рид“, „Катуништа“) даваат до знаење дека некогаш тука живееле Власи кои ги паселе овците по планинските предели на Мазатар и Плаќенска планина. Можно е селото да го носи името и од поранешната локација „Горно Село“ во чија непосредна близина имало извори со чиста планинска вода, меѓутоа денес низ селото не минува „чист планински поток", туку постои само суводолица која повремено надојдува.

Има податоци кои укажуваат на друго значење на името на селото Куратица. Така, на пример, во Етимолошкиот речник на Петар Скок се наоѓа зборот од латинско потекло „kuratus, kurat“ (17 в. — западни кралеви), што значи „свештеник, жупник“, со објаснување дека оттаму доаѓа и зборот „kuratija“ (17 и 18 век) што значи „жупа“. Аналогно на тоа, зборот „Куратица“ би значел „жупица“ или „мала жупа“. Зборот „жупан“ во словенските јазици значи управител на област кај Јужните Словени во минатото. Оттаму и доаѓа името „жупанија“ за об-ласта со која раководел Жупанот. Ако се има предвид конфигурацијата на теренот каде што е сместено селото Куратица, постои можност овој дел, во периодот на доселувањето на Словените да претставувал посебна област или жупа.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Куратица живееле 395 жители, сите Македонци.[3]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Курапишта имало 464 Македонци, егзархисти.[4]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 326 жители, сите Македонци. [5][6]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[7]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 395[3] 464[4] 939 1.013 979 895 740 497 417 326

Во однос на пописите може да се констатира дека Куратица бележи пад на населението, така што преминала од голема во средна по големина населба.

Родови[уреди | уреди извор]

Куратица е чисто македонско православно село. Сите родови во селото се староседелски, кои живееле во Стара Куратица. Во селото има 8 родови.[8]

Родови во Куратица се: Крушаровци (10 к.), Чолевци (10 к.), Гиновци (10 к.), Трпевци (10 к.) и други. Просечно секој род има по 10 куќи.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

цркви[9]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • 13 - 14 јануари - Курајчки карневал;
  • 2 јуни - носење крсти;
  • 28 август - Голема Богородица;
  • 8 ноември - Митровден.

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Матески, „Плакенска Планина“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 106-107.
  2. Александар Матески, „Плакенска Планина“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 106-107.
  3. 3,0 3,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.252.
  4. 4,0 4,1 D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р.162-163.
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  6. Александар Матески, „Плакенска Планина“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 106-107.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  8. Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670251582. OCLC 27418468. http://worldcat.org/oclc/27418468. 
  9. „Цркви во Коселската парохија“ (на македонски). Дебарско-кичевска епархија. http://www.dke.org.mk/namesnistva.asp#kos. посет. 25 јули 2010 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]