Петре Аврамоски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петре Ламбев Аврамоски (30 мај 1921 во Куратица, Охридско — 20 април 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Петре Ламбев Аврамоски е роден на 30 мај 1921 година во селото Куратица. Кон НОБ пристапува во ноември 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада, 2 чета, 1 баталјон, загинува кај Славонска Пожега, на 20 април 1945 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)