Горно Лакочереј
Горно Лакочереј | |
Координати 41°10′6″N 20°48′18″E / 41.16833° СГШ; 20.80500° ИГДКоординати: 41°10′6″N 20°48′18″E / 41.16833° СГШ; 20.80500° ИГД | |
Општина | Охрид |
Население | 515 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 19013, 19513 |
Надм. вис. | 722 м |
![]() |
Горно Лакочереј — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Горно Лакочереј е сместено во Охридската Котлина, 9 километри северно од градот Охрид. Ова село е претежно ридско - котлинско во кое селаните главно се занимаваат со земјоделство, сточарство и лозарство.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Лакочереј живееле 130 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Лакочереј имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 610 жители.
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Следува табела на националната структура на населението:[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 511 |
Албанци | 1 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 2 |
Бошњаци | 0 |
останати | 1 |
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 130[1] | 120[2] | 389 | 462 | 595 | 663 | 779 | 869 | 582 | 515 |
Родови[уреди | уреди извор]
Селото Горно Лакочереј отсекогаш било македонско православно село, во селото има 4 родови и сите се доселенички.[5]
Родови во Горно Лакочереј се:
- Јасмовци (70 куќи) потекнуваат од предокот Јасмо кој дошол во селото заедно со неговите синови Јованче, Сарафин и Симон од селото Велестово. Споменатиот Јованче имал седум синови.
- Дировци (20 куќи) доселени се од селото Вапила, таму припаѓале на родот Шандаковци;
- Тодоровци (10 куќи) доселени се од селото Куратица
- Шетковци (10 куќи) се доселеници со непознато место на старина.
- Стевовци (5 к.) доселени се од селото Вапила. Таму припаѓале на родот Милевци.
- Нечковци (5 к.) доселени се од селото Сирула.
- Анѓеловци (3 к.) доселени се од селото Велестово.
- Славевци (4 к.) доселени се од селото Речица.
- Целевци (2 к.) доселени се од селото Опеница.
- Расинци (1 к.) доселени се од селото Расино.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
- Доселеници: Анѓелевци или Брбаровци (2 к.) и Стојановци или Ристовци (3 к.) доселени се однекаде; Шетковци (3 к.) доселени се од некое село во Дебрца; Јасмовци (15 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Велестово; Ѓузеловци (4 к.) доселени се околу 1860 година од Куратица или Вапила; Кузмановци (2 к.) доселени се околу 1870 година од селото Вапила. Таму припаѓале на Климовци; Апостоловци (1 к.) доселени се околу 1878 година од селото Лешани во Дебрца; Речковци (2 к.) доселени се од селото Речица; Черкезовци (1 к.) доселени се од селото Косел; Бузевци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Велгошти; Ѓомлезаровци (1 к.) по потекло се од селото Сирула. А оделе од чифлик на чифлик; Пршковци или Анѓеловци (1 к.) доселени се во 1903 година од селото Куратица; Дировци (4 к.) доселени се во 1912 година од селото Вапила; Дојчиновци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Сирула; Миленковци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Плаќе; Опрашковци (2 к.) доселени се во 1927 година од селото Велестово; Мерковци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Сирула; Димовци (1 к.) доселени се во 1932 година од селото Долно Лакочереј; Маленковци (1 к.) доселени се во 1930 година од Охрид; Матевци (1 к.) доселени се од селото Плаќе; Опутовци или Василевци (1 к.) доселени се во 1937 година од селото Опеница; Деспотовци (1 к.) доселени се од селото Завој; Ѓоревци (1 к.) доселени се од селото Плаќе; Пешликовци (1 к.); Шилевци (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Опеница.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Цркви[7]
- Црква „Св. Никола“ - изградена на темели на црква од XIX век и осветена на 4 јуни 1995 година;
- Црква „Св. Атанасиј“ - изградена во 1963 година;
- Црква „Св. Илија“ - најновата селска црква. Почната да се гради во мај 2012 година;[8]
- Црква „Вознесение Христово“ - главната и единствената црква на Горнолакочерејскиот манастир;
- Црква „Св. Јован Крстител“ - камен темелник удрен во 2006 година;
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Една од големите културно - природните знаменитости е Сончевиот рид кој се наоѓа во непосредна близина на ова село.
- Археолошки наоѓалишта
- Горица — населба и некропола од римското време;
- Полица — средновековна населба;
- Салоко Ливада — средновековна некропола;
- Ќерија - Долчиња — населба од доцноантичкото време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252.
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.162-163.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Охридско Поле. Архивски фонд на МАНУ АЕ 87/1.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Во Лакочереј ќе се гради црква Св. Илија“. Лихнид. 1 мај 2012. Посетено на 2013-03-21.[мртва врска]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|