Долно Коњско
Долно Коњско | |
Глетка на Долно Коњско од водите на Охридското Езеро | |
Координати 41°3′42″N 20°48′14″E / 41.06167° СГШ; 20.80389° ИГДКоординати: 41°3′42″N 20°48′14″E / 41.06167° СГШ; 20.80389° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Охридско |
Население | 551[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 6000 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 966 м |
![]() |
Долно Коњско — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Долно Коњско се наоѓа јужно од градот Охрид, сместено над патот Охрид-Св. Наум и во непосредна близина на Охридското Езеро. Оваа населба е оддалечена 5 километри од градот Охрид.
Селото е сместено долж брегот на Охридското Езеро, во подножјето на планината Галичица. Селото поседува водовод.[3]
Во минатото, Долно Коњско претставувало составен дел на тогашното големо село Коњско, сместено високо на падините на планината Галичица. Денес, селото прераснува во туристичко место, поради непосредната близина на езерото.
Историја[уреди | уреди извор]
Историјата на Долно Коњско започнува со доселувањето на неговите жители од старото Коњско, кое сега е речиси напуштено. До средината на XX век, просторот на кој сега се наоѓа населбата претставувал каменест и сув рид на кој за брзо време била подигната денешната населба.[4]
По 1970 година, мештаните од Коњско започнале да градат нови куќи близу Охридското Езеро, во месноста Гумниште. Таму порано имало лозја и трла, во кои на зима се чувала стоката.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото не поседувало свој атар во минатото, поради што и нема распределба на површините по намена.
Поради непосредната близина на селото до Охридското Езеро, во него е особен развојот на туризмот.
Население[уреди | уреди извор]
Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека 1873 во г. селото Коњско имало 40 домаќинства и 116 жители.[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Коњско живееле 360 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Коњско имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Селото не било вклучено во пописите во периодот 1948-1994 како посебна единица, туку неговите податоци се прикажувале во населеното место Коњско.[8][9]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Долно Коњско живееле 551 жител, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 360 | 320 | — | — | — | — | — | — | — | 551 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Велестово, се наоѓале и селата Велгошти, Елшани, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Шипокно, во која влегувале селата Велестово, Коњско и Шипокно.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1294 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Долно Коњско.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 647 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[16]
- Црква „Св. Недела“ — главна селска црква, од 2007 г.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 јануари 2020.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 3,0 3,1 Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
- ↑ Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 252
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеенциклопедија
. - ↑ 36) Податоците за населените места Долно Коњско и Населба Исток, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 година, се содржани во податоците за населеното место Коњско.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 2 јануари 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 2 јануари 2020.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Долно Коњско на Ризницата ?
|