Прејди на содржината

Ливоишта

Координати: 41°12′6″N 20°48′47″E / 41.20167° СГШ; 20.81306° ИГД / 41.20167; 20.81306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ливоишта

Панорама на селото

Ливоишта во рамките на Македонија
Ливоишта
Местоположба на Ливоишта во Македонија
Ливоишта на карта

Карта

Координати 41°12′6″N 20°48′47″E / 41.20167° СГШ; 20.81306° ИГД / 41.20167; 20.81306
Регион  Југозападен
Општина  Охрид
Област Охридско
Население 124 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6306
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19027
Надм. вис. 761 м
Слава Свети Наум Охридски
Ливоишта на општинската карта

Атарот на Ливоишта во рамките на општината
Ливоишта на Ризницата

Ливоишта — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Низ селото Ливоишта

Ова село се наоѓа во Охридското Поле, во северниот дел на територијата на Општина Охрид.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 730 метри. Од самиот град Охрид е оддалечено 12 километри.[2]

Ливоишта е сместено на стариот пат Дебар-Требениште-Битола, кој сега е напуштен. Околни села се: Вапила, Горно Лакочереј, Сирула и други. Мештаните со вода за пиење се снабдувале со бунари, бидејќи нема извори во самиот атар.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Алистрата, Рилкоец, Утица, Попов Дол, Стајков Дол, Старо Село, Горни Ливади, Мериз, Брод, Мерсимица, Гунчо Чешма, Вис и Под Бавчи.[3]

Селото е од збиен тип и е поделено на маала наречени по главните родови, како Танкоски, Трифуноски, Гиноски, Анѓелески и други.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Ливоишта претставува старо село. Сепак, нема историски податоци за тоа кога е основано. Најверојатно неговото население е повеќепати менувано, бидејќи во селото нема староседелски родови.[3]

Остатоци од старини има на месностите Старо Село и Црквиште, кои се наоѓаат северозападно од селото. На Старо Село се откопани неколку гробови од страна на мештанин. Други старини има на месноста Алистрата, каде се наоѓала беговска кула. И на месноста Попов Дол во нивите биле откопувани темели на куќи, како и земјени ќупови.[3]

Во XIX век, Ливоишта било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

Во селото постоеле турски чифлици, чии сопственици живееле биле Турци од Охрид.[3]

Стариот пат Дебар-Битола се користел до 1938 година, а трговците престојувале во ханот во селото.[3]

Во текот на Втората светска војна, границата помеѓу бугарските и албанските окупаторски сили се наоѓала помеѓу селата Ливоишта и Вапила, поради што мештаните неколкупати на кратко се преместувале во Вапила.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Автобуска постојка во селото

Атарот зафаќа површина од 7,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 385 хектари, на обработливото земјиште отпаѓа 351 хектар, а на пасиштата само 10 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Селото поседува почва за култури како пченица и винова лоза. Сточарството не доживеало никогаш развој, поради пошумувањето.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948231—    
1953258+11.7%
1961299+15.9%
1971282−5.7%
1981256−9.2%
ГодинаНас.±%
1991244−4.7%
1994196−19.7%
2002178−9.2%
2021124−30.3%

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 35 домаќинства и 86 жители.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ливоишта живееле 40 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Ливоишта имало 40 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лиојшта е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 5 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Ливоишта е мало село, кое што во 1961 година броело 289 жители, а во 1994 година 196 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Ливоишта живееле 178 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 124 жители, од кои 106 Македонци и 18 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 40 40 231 258 299 282 256 244 196 178 124
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Ливоишта е чисто православно македонско село. Сите родови потекнуваат од доселеници.[3]

Родови во Ливоишта се: Танковци и Симоновци (10 к.), доселени се од соседното село Вапила, каде им се род Климовци; Трифуновци (8 к.), доселени се од селото Лин (денес во Албанија), прво се населиле во Оровник, па овде. Го знаат следното родословие: Крсте (жив на 52 г. во 1980 година) Живко-Трајан-Трифун, основачот на родот; Гиновци (8 к.), доселени се од селото Сирула; Анѓелевци (7 к.), доселени се од селото Вапила, таму им се род Шандаковци; Анѓелевци (5 к.), доселени се од селото Куратица; Крстановци (8 к.), доселени се од селото Сирула; Лазаревци (5 к.), доселени се однекаде; Ристевци (7 к.), доселени се од селото Плаќе после Првата светска војна и Трпевци или Гиновци (8 к.), доселени се од селото Сирула после Втората светска војна.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поглед на подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална Општина Косел.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Косел.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косел, во која покрај селото Ливоишта, се наоѓале и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Завој, Куратица, Опеница, Орман, Плаќе, Расино, Речица, Свиништа, Сирула и Косел. Во периодот 1950-1952, исто така, постоела општината Косел, во која влегувале селата Вапила, Косел, Ливоишта, Расино и Сирула.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1338 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница. Во избирачкото место е опфатено и селото Сирула.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 150 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Наум Охридски“
Цркви[17]
Археолошки наоѓалишта
Споменици

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
Слави[3]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Ливоишта

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Постари иселеници од Ливоишта има во Волино (Ливоштајнци, 5 к.) и во струшкото село Делогожди (Аљасани, 15 к. и Цапри, 7 к.). После Втората светска војна, има иселеници во Охрид (18 семејства) и во Скопје (3 семејства).[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 179. Посетено на 8 ноември 2019.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, с. 252
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 29.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 ноември 2019.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-11-07. Посетено на 8 ноември 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 251. ISBN 9989-649-28-6.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]