Димитар Смилески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Димитар Смилески
Роден/а? ? ?
Македонија ?, Македонија
ЗанимањеПублицист

Димитар Смилески е македонски публицист.

==Димитар Смилески е роден во 1948 година во село Оздолени, општина Дебрца. Завршил Природно-математички факултет - група Географија, при што се здобил со звање дипломиран географ. Скоро целиот работен век го поминал како новинар, а потоа како главен уредник и директор на Радио Охрид, а бил главен уредник и на охридскиот весник „Езерски Глас“ и на списанието „Далги“.Работел и како директор на Архивот во Охрид, од каде што се пензионирал.Како новинар има подготвено над стотина радио-репортажи и десетина документарни телевизиски емисии за селски населби во Охридско.Во 2001 година магистрирал на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, при што се здобил со звање - магистер по туристички науки.Со свои научни трудови од областа на географијата, етнологијата, историјата и туризмот учествувал на разни научни собири во Македонија. Во фокусот на неговиот научен интерес се селските населби во Југозападна Македонија и досега има издадено над десет монографии за села во Охридскиот крај.

Библиографија[1][уреди | уреди извор]

  • „Велмеј“ - монографија (1984)
  • „Љубаништа: географска, демографска и историска студија“ - монографија во коавторство со Наум Ристески (1985)
  • „Долно Лакочереј“ - монографија (1986)
  • „Куратица“ - монографија (1986)
  • „Ботун“ - монографија (2002)
  • „Родописот на Неловци - Оровник“ - монографија (2003)
  • „Скребатно“ - монографија (2005)
  • „Оздолени - Слатински Чифлик - Сошани“ - монографија (2008)
  • „Скребатно“ - монографија (2011)
  • „Требеништа“ - монографија (2017)
  • „Сирула“ - монографија (2018)

Извори[уреди | уреди извор]