Подмоље
Подмоље (се среќава и како Подмолје) — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подмоље живееле 160 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Подмоље имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 331 жител, од кои 325 Македонци, 2 Срби и 4 останати.[4]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160[2] | 120[3] | 75 | 83 | 126 | 176 | 272 | 245 | 269 | 331 |
Родови[уреди | уреди извор]
Подмоље е македонско село.
Родови во селото се: Лошковци (6 куќи) доселени се од соседното село Оровник; Тодоровци (2 куќи) доселени се од селото Завој; Димовци (1 куќа) доселени се од селото Вапила, каде припаѓале на родот Шандаковци; Велестовчани (6 куќи) доселени се помеѓу двете светски војни од селото Велестово; Завојчани (4 куќи) доселени се кога и претходниот род од селото Завој; Оровчани (16 куќи) доселени се во 1970 година од селото Оровник; Луковчани (10 куќи) доселени се кога и Оровчани од селото Луково; Дебрчани (10 куќи) доселени се од разни села во Дебрца; Безовчани (6 куќи) доселени се од селото Безово; Орманчани (2 куќи) доселени се од селото Орман; Волинчани (2 куќи) доселени се од селото Волино; Охриѓани (2 куќи) доселени се од Охрид; Тетовчани (2 куќи) доселени се од Тетово; Скопјани (2 куќи) доселени се од Скопје; Кумановчани (1 куќа) доселени се од Куманово.[6]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
- Мојсовци или Лошковци (1 к.) староседелци; Шашојаковци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Вапила. Во Вапила имале роднини, голем род; Балевци или Саравиновци (3 к.) доселени се во 1922 година од селото Велестово. Таму припаѓале на голем разгранет род; Бамбаловци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Оровник. Таму имале истоимени роднини; Мингулевци или Тодоровци (1 к.) доселени се во 1929 година од селото Завој. Таму припаѓале на родот Деспотовци; Шабановци или Стојчевци (2 к.) доселени се во 1929 и 1930 година од селото Завој; Стојановци (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Оровник. Подалечно потекло од селото Лактиње во Дебрца.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Св. Константин и Елена“ од 1934 г.
- Чешми
- Чешма - се наоѓа во средиштето на селото, веднаш до црквата
- Археолошки наоѓалишта
- Селиште — средновековна населба, црква и некропола;
- Корија - Манастириште — средновековна црква;
- Чешма — средновековна црква и некропола;
- Спорт
- Спортско игралиште
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Благоја Стојчески — македонски партизан, учесник во НОБ.
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
- Од Мојсовци иселеници има во Оровник (каде се иселиле во периодот помеѓу 1912 и 1915 година).
- Од Бомболовци иселеници има во Охрид (едно семејство од 1930 година).[7]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252.
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.162-163.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
- ↑ 7,0 7,1 Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Подмоље. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|