Плаќе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Плаќе
Плаќе is located in Македонија
Плаќе
Местоположба на Плаќе во Македонија
Координати 41°13′6″N 20°58′23″E / 41.21833° СГШ; 20.97306° ИГД / 41.21833; 20.97306Координати: 41°13′6″N 20°58′23″E / 41.21833° СГШ; 20.97306° ИГД / 41.21833; 20.97306
Општина Општина Охрид
Население 4 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1 417 м
Commons-logo.svg Плаќе на Ризницата

Плаќе е село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Плаќе е село во околината на градот Охрид, од кој селото е одалечено 25 км. Најблиско село е селото Речица, со кое село Плаќе граничи од запад, од југ граничи со селата Лева Река и Свиништа, од север со селото Брежани, и од исток со селата Вирово и Церово. Селото е планинско и се наоѓа на падините на Pлакенска планина, на преку 1000мнв.

Некои делови во атарот на селото ги носат следните имиња: Широка Рудина, Стари Куќи, Горни и Долни Злидол, Врабца, Голи Врв, и др.[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Плаќе е старо село, со длабоко минато, на местото Стари Куќи, кое лежи северно од Плаќе, се наведува дека живееле луѓе уште од старо време, се зборува дека постоеле куќи и црква и на местото Старци. Сепак според денешното население Плаќе не е многу старо село, него го основале доселеници од блиските околни села.[1]

Во XIX век селото е дел од Охридската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Плаќе живееле 160 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Плаќе имало 120 Македонци, егзархисти.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 4 жител, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 160[2] 120[3] 381 404 391 163 54 38 34 4

Родови[уреди | уреди извор]

Плаќе е македонско православно село. Во селото има 3 рода и сите потекнуваат од доселеници.[1]

Родови во Плаќе се: Сметеновци или Јовановци, Трајановци и Милошевци. Сите заедно имаат 18 куќи, како што е спомнато сите родови се доселенички, кои дошле од околните села.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Во селото Биџево е иселен родот Плаќенковци (6 к.). Во Долно Лакочереј е иселен родот Сметеновци (12 к.). Во селото Ливоишта е иселен родот Ристевци (7 к.). А иселеници има и во градот Охрид.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670251582. OCLC 27418468. http://worldcat.org/oclc/27418468. 
  2. 2,0 2,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252.
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.162-163.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.