Дере (Требеништа)

Координати: 41°12′34″N 20°45′22″E / 41.20944° СГШ; 20.75611° ИГД / 41.20944; 20.75611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дере

Карта

Местоположба 41°12′34″N 20°45′22″E / 41.20944° СГШ; 20.75611° ИГД / 41.20944; 20.75611
Основни податоци
Место Требеништа
Општина Дебрца
Тип

 населба


Период бронзено време
Портал „Археологија“

Дере или Кај Чешматаархеолошко наоѓалиште во охридското село Требеништа, Општина Дебрца. Претставува населба од бронзеното време.

Во северозападниот дел на селото, лево од патот Охрид - Кичево, веднаш до некогашната чешма, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови. При копањето на земјата за изработка на тули, на длабочина од 0,80 м е откриена јама во која е најдена фрагментирана камена секира со отвор за држалка на средината.[1]

Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 277-278. ISBN 9989-649-28-6.