Борис Пачески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борис Митрев Пачески (1922 во Велмеј, охридско — февруари 1944 во Староец, кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Борис Митрев Пачески е роден во селото Велмеј. Се занимавал со земјоделство. Активно работи во НОБ од 1942 година. Во 1943 година доброволно пристапил кон партизанскиот одред ''Даме Груев'' во јули 1943 година. Како борец на Првата македонско-косовска ударна бригада загинува при враќање од богомилскиот поход кај селото Староец, во февруари 1944 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)