Драслајца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Драслајца
Драслајца место 25.jpg

Панорамски поглед на селото Драслајца, фотографирано од хеликоптер

Драслајца is located in Македонија
Драслајца
Местоположба на Драслајца во Македонија
Координати 41°12′56″N 20°41′35″E / 41.21556° СГШ; 20.69306° ИГД / 41.21556; 20.69306Координати: 41°12′56″N 20°41′35″E / 41.21556° СГШ; 20.69306° ИГД / 41.21556; 20.69306
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Struga Municipality.svg Струга
Област Струшко Поле
Население 778[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6330
Повик. бр. 046
Надм. вис. 687 м
Слава Голема Богородица
Мреж. место Драслајца
Драслајца на општинската карта
Драслајца во Општина Струга.svg

Атарот на Драслајца во рамките на општината
Commons-logo.svg Драслајца на Ризницата


Драслајцасело во Општина Струга, во околината на градот Струга, сместено во средишниот дел на Струшкото Поле.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Постојат неколку извори и толкувања како Драслајца го добило името. Во турскиот дефтер од 1583 година е забележано како Драгославица. Под истото име, пред крајот на првата половина на XVI век, се споменува и во Поменикот на манастирот Свети Јован во близина на селото Слепче, Демирхисарско. Полскиот етнолог и славист Влоѓимјеж Пјанка, кој на почетокот на шеесеттите години го посетил Драслјаца, објаснува дека името Драгославица со тек на време и со скратување на некои букви се трансформирало во Драслајца. Според него, тоа е добиено од личното име на некој си Драгослав. Етнологот Бранислав Русиќ го запишал како Драславица. Негов впечаток е дека драслајчани и соседите селото го викале со името Драслаица или Драслајца.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Традиционална архитектура од Драслајца

Селото се наоѓа во рамништето на Струшкото Поле, во источниот дел на територијата на Општина Струга и ѝ припаѓа на рурбалната зона на градот Струга, бидејќи од него е оддалечено само четири километри.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 699 метри.[2]

Куќите на ова големо село се наоѓаат на влажната и плодна почва помеѓу коритата на реките Сатеска и Црн Дрим. Низ средината на селото поминува Драслајскиот Поток, кој подоцна се влива во Црн Дрим.[3]

На северозапад од него се наоѓа селото Ложани, на североисток селата Биџево и Ливада, на исток Волино, на запад Враништа и на југ Мороишта.[3]

Месностите на атарот околу селото ги носат следниве називи: Средорек, Горни ливади, Санџак, Гроб, Бузелец, Копачка, Ограда, Добриш, Речиште, Мерка, Долна ограда, Шаварика, Миличина нива, Трн, Јаглишта, Краповница, Бардуница и Гола губа.[3]

Границите на Драслајчкиот синор се движат по местата На Оро, Под Круша, Краповица, Вировица, Средорек, Санџак, Малеш, Гроб (место каде што има непознат гроб со огромна плоча), Дупки (во близина на реката Сатеска), Черешна, Бузулец, Горни ливаѓе, Копачка, Дебрич (равни загони), Мерка, Дрим. Во тие граници се наоѓаат драслајчките ниви, ливади, ораници, а местата селаните ги нарекуваат: Миличева нива, Шаварка (некогаш тука имало шавар), Црквана (до самата црква), Јаглите (се претпоставува дека на тоа место се правел дрвен јаглен), Крапница (некогаш тука имало длабоки ендеци каде што селаните ловеле крап), Долни санџак, Ограда, Шушурица, Долна Ограда, Долзни разори (крај Црн Дрим), Вакоска Ледина, Вакоска ливада (во близина на црквата), Горни ливаѓе, Горни ливаѓе, Бела вода (каде се наоѓаат изворите на селската река) и Света Недела.

Драслајца има збиен тип, а одредени делови од селото се нарекуваат по родови, како: Спасевци, Митревци, Костовци, Чурковци, Стојановци и други.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Од прославата на Водици во Драслајца во 2013 година

За Драслајца нема многу документи, ниту од подалечното, ниту пак од поблиското минато, што создава големи тешкотии за осознавање на неговото минато. Единствен постар документ во кој се споменува селото е Опширниот турски дефтер од пописот за Охридскиот санџак од 1583 година, но под името Драгославица. За тоа колку време пред тоа постоело Драслајца не се знае ништо, бидејќи не постојат никакви други документи и белези врз кои може да се утврди неговата старост.

Пред крајот на турската власт, обработливата површина во атарот на селото, една третина припаѓала на христијанските родови (Костевци, Митревци и други), додека две третини припаѓале на поседувачите на чифликот, како што биле Мерсим-ага, Мустафа-ага, Ариф-ага, Шукри Џура и една жена Анка.[3]

Мерсим-ага бил Албанец од селото Мислодежда на планината Караорман, додека останатите биле Турци од Охрид. По ослободувањето во 1912 година, земјата била купувана постепено од македонските родови.[3]

Во XIX век, Драслајца било село во рамките на Струшката нахија, на Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Жетва во селото Драслајца

Атарот е мал и зафаќа простор од 4,5 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 426,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 5,1 хектар, а на шумите само 0,3 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Во минатото сите жители се занимавале со земјоделство, чии производи подоцна ги продавале во градовите Струга и Охрид. Во поскромни размери развиено е и сточарството, особено одгледувањето крави, свињи и живина.[3]

Во минатото, исто така, во селото работела земјоделската задруга „Напредок“, која била заедничка со соседното село Ложани.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Оро сретсело за Водици во 2013 година

Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства и 112 жители мажи.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Драслајца имало 340 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драслајца имало 360 жители.[6]

Драслајца има позитивен популациски биланс. Имено, во 1961 година селото броело 780 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 804 жители, од кои 801 Македонец и 3 Срби.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Драслајца живееле 778 жители, од кои 775 Македонци, 2 Срби и 1 Ром.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 340 360 612 668 760 805 828 888 804 778
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Драслајца е во целост македонско православно село. Родовите во селото се староседелски и доселенички, а поради добрата местоположба селото нема иселеници и во него доаѓаат постојано нови жители.[3]

Староседелски родови во селото се: Митревци (10 к.) и Кичевци (3 к.), за нив се вели дека отсекогаш живеат овде.[3]

Доселенички родови до крајот на турското владеење во селото се: Костевци (10 к.) доселени се од некое село во околината на Костур, Егејска Македонија, ја знаат следната генеологија Благоја (жив на 60 год. во 1980 година) Јонче-Сарафин-Спиро-Јоан, кој се доселил од Костурско, околу 1830 година со неговите браќа Стефан, Аврам и Димо, во Костурско влегле во расправија со Турците и затоа пребегнале овде; Спасевци (20 к.) доселени се од некаде; Пеќиновци или Трајановци (5 к.) доселени се од соседното село Биџево, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло им е од некое село во Пеќ; Чурковци (15 к.) доселени се од некое село во Прилепско; Стојановци (20 к.) доселени се од сега раселеното село Црско на Караорман, тоа село постоело во атарот на селото Поум; Милошевци (17 к.) доселени се од селото Ложани; Торковци (12 к.), Чоловци (6 к.), Далчевци (6 к.), Малевци (5 к.) и Манговци (2 к.) доселеници од непознато место; Љајковци (7 к.) доселени се после Првата светска војна од селото Ливада; Љанговци (6 к.) доселени се од соседното село Биџево исто така после Првата светска војна; Мартиновци (4 к.) доселени се од селото Мешеишта, време на доселување како претходните два рода и Ојлевци (4 к.) доселени околу 1950 година од селото Модрич, во Дебарски Дримкол.[3]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поранешниот задружен дом во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Струга, една од општините која доживеала најголеми промени со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Струга.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Струга.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Драслајца, во која покрај селото Драслајца, се наоѓале и селата Биџево, Делогожди, Ливада, Ложани, Мороиште и Ново Село. Општината Драслајца постоела и во периодот 1950-1952 година.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 1865 според Државната изборна комисија, кое е сместено во младинскиот дом „Гоце Делчев“ во селото.[11]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 701 гласач.[12] На референдумот во 2018 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 688 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Археолошки локалитети[14]
Цркви[15]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Драслајца

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Во минатото, од селото не се забележани поголеми иселувања, освен на некои помлади семејства, кои се иселиле околу 1960-тите години во Струга (5 к.) и во Охрид (2 к.).[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 5 ноември 2016. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 112. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 15 октомври 2018 г. 
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 234-236. 
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 102-103.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. „Основни и средни училишта“. Општина Струга. конс. 15 октомври 2018. 
  11. „Описи на ИМ“. конс. 15 октомври 2018. 
  12. „Локални избори 2017“. конс. 15 октомври 2018. 
  13. „Референдум 2018“. конс. 15 октомври 2018. 
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  16. Официјална страна на Фудбалската федерација на Македонија
  17. Кратка биографија на Виктор Цветаноски

Надворешни врски[уреди | уреди извор]