Прејди на содржината

Црква „Св. Недела“ - Драслајца

Координати: 41°13′03″N 20°41′39″E / 41.21750° СГШ; 20.69417° ИГД / 41.21750; 20.69417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Недела

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Струшко
Парохија Четврта струшка
Местоположба

Карта

Координати 41°13′03″N 20°41′39″E / 41.21750° СГШ; 20.69417° ИГД / 41.21750; 20.69417
Место Драслајца
Општина Струга
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Недела
Изградба мај 1992
Завршено 2011
Осветување 17 јули 2011
Архитектонски опис

Света Недела — македонска православна манастирска црква во струшкотото село Драслајца.[1] Главна и единствена црква на Драслајчкиот мананстир. Црквата се наоѓа на излезот од селото, во близината на последните куќи, и е сместена од десната страна на патот. Црковниот двор е простран и мошне убаво украсен и уреден. На ва место има извор на вода, кој денес се наоѓа во внатрешноста на црквата. Од тој аспект оваа црква претставува една од ретките во чија внатрешност има базен со вода, која што верниците ја користат како света вода.

Камен-темелникот бил поставен во мај 1992 год. од страна на митрополит Тимотеј. Осветувањето на црквата е извршено на 17 јули 2011 год. од страна на митрополит Тимотеј.

Црквата претставува трибродна градба, чиј средиштен брод е подолг од останатите. Всушност страничните два брода составуваат една дел од црквата, кој е покриен на две води со ќерамиди и двата брода имаат мала полукружна апсида од исток. Страничните бродови на црквата се поставени на два кружни столба. Фасадата на оваа целина е украсена со камени плочки, кои на северната страна образуваат два крста, а на јужната страна има исто така два крста во чија средина се наоѓа влезот во црквата, поставен на мал мост, бидејќи на тој дел има оформена мало полукружно езерце. Меѓутоа во црквата се влегува од западната страна. Средишниот брод е подолг од другите два и во продолжението има мала купола поставена на покрив од ќерамиди на две води, а од исток е полукружната апсида во чија внатрешност се наоѓа олтарот на црквата.

Црквата е во целост фрескоживописана и во неа има поставен резбан иконостас на кој има 4 престолни икони и 13 помали поставени во вториот хоризонтален ред.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
Галерија
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.