Безово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Безово
Безово 05.jpg

Поглед на селото Безово

Безово се наоѓа во Republic of Macedonia
Безово
Местоположба на Безово во Македонија
Координати 41°19′45″ СГШ 20°36′06″ ИГД / 
Регион Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Struga Municipality.svg Струга
Област Дримкол
Население 54[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6337
Повик. бр. 046
Надм. вис. 760-860 м
Слава Митровден
Commons-logo.svg Безово на Ризницата


Безово — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на селото прв пат е споменато како „Безово“ во 1467 година. Името потекнува од личното име „Безе“ или „Безо“.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на источните огранки на планината Јабланица.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 760 до 860 метри. Се наоѓа три километри на левата страна на регионалниот пат Струга-Дебар, а од самиот град Струга е оддалечено 23 километри.[3]

Селото се наоѓа во областа Дримкол, на источните падини под врвот Радук на планината Јабланица. Оддалечено е 33 километри јужно од Дебар.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Безово било село во рамките на Дебарската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 2,5 км². На него преовладуваат шумите на површина од 124,7 хектари, на пасиштата отпаѓаат 64,3 хектари, а на обработливото земјиште само 38,9 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 40 домаќинства и 118 жители мажи.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Безово имало 180 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Безово имало 192 жители.[6]

Селото е мало, со негативно популациско салдо. Во 1961 година селото броело 179 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 67 жители, македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Безово живееле 54 жители, од кои 53 Македонци и 1 останат.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 180 192 165 185 179 199 142 80 67 54
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Безово од секогаш па до денес е населено исклучиво со Македонци од православна вероисповед.

Староседелски родови се: Васковци, Митановци и Митровци (слават Митровден) потекнуваат од основачот на селото; Затараковци (слават Митровден) самите се сметаат за старинци, но во селото постои општо предание дека нивниот предок дошол како домазет пред околу 170 години од селото Стеблево во Голо Брдо, а постарото презиме им е Цацановци.[10] Доселенички родови се: Велјановци (слават Св. Димитрија) од селото Присовјани во струшка Малесија пред 170 години се доселил нивниот предок Спасе чиј татко се викал Велјан; Битолковци (слават Митровден) нивниот предок се доселил од Битола; Цветановци (слават Митровден) се мисли дека се по потекло од селото Јабланица; Павлевци (слават Митровден) нивниот предок дошол како домазет одамна од некое непознато место.[10] Освен родовите Велјановци и Битолковци сите родови како преслава празнуваат Свети Никола.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Безово, се наоѓале и селата Јабланица, Лакаица, Луково, Нерези и Пискупштина. Во периодот 1950-1952 година, селото Безово било дел од некогашната општина Нерези, во која влегувале селата Безово, Луково, Нерези и Пискупштина.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 1889 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[11]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 51 гласач.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Димитриј“
Археолошки локалитети[13]
Цркви[14]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Безово

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 5 септември 2018 г. 
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 42. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 23. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 5 септември 2018 г. 
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 261.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  10. 10,0 10,1 10,2 Филиповиќ, Миленко (1939) (на српски). Дебарски Дримкол. Скопје. стр. 142–143. 
  11. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. посет. 5 септември 2018 г. 
  12. „Локални избори 2017“. https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=78&ps=2645#. посет. 5 септември 2018 г. 
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]