Ново Село (Струшко)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Ново Село — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот на XIX век, селото било дел од Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 34 жители, сите Албанци.[1]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 280 жители, од кои 235 Албанци и 45 останати.[2]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[3]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 34[1] | 80 | 108 | 143 | 144 | 194 | 213 | 280 |
Родови[уреди | уреди извор]
Ново село е албанско село, а имало и македонски и ромски родови.
- Албански родови во селото се: Лога (8 к.), Изери (3 к.), Фејзула (2 к.), Фејза (2 к.) и Шакири (1 к.). Лога се доселени од селото Поум. Изери и Фејзула се доселени од дебарско (Мал или Голем Папрадник) и Шакири се доселени од селото Песочани, Дебрца. Наведените родови се доселени околу 1925 година; Иљази (4 к.), Читаху (2 к.), Туши (5 к.), Беќири (1 к.), Дема (1 к.) и Мена (1 к.). Родот Иљази е доселен од селото Поум. Читаху е доселен од селото Делогожди. Туши е доселен од селото Дабовјани. Беќири е доселен од селото Доно Татеши. Дема е доселен од Богојци, и Мена е доселен од селото Мислодежда. Сите наведени родови се доселени после 1945 година.
- Ромски род: Џаку (4 к.) доселени се пред 1912 година, по потекло се од Дебарско.
- Македонски род: Затарковци (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Безово, Дебарски Дримкол.[4]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.[мртва врска]
- ↑ Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |