Лакаица
Лакаица | |
Координати 41°19′29″N 20°31′59″E / 41.32472° СГШ; 20.53306° ИГД | |
Општина | Струга |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 26522 |
Надм. вис. | 1226 м |
Лакаица на општинската карта Атарот на Лакаица во рамките на општината | |
Лакаица на Ризницата |
Лакаица — село во Општина Струга, во областа Дримкол, во околината на градот Струга.
До 2004 година, селото било дел од поранешната Општина Луково, која била споена со Општина Струга.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Голо Брдо, сместено меѓу планините Јабланица на југ и Радук на север. Оддалечено е 22 километри северозападно од Струга.
Историја
[уреди | уреди извор]На крајот на XIX век, селото било дел од Струшката нахија во рамките на Охридската каза, во Отоманското Царство.
До 1913 година, земјата на денешното село Лакаица била дел од селото Стеблево, која главно се користела како пасиште. Во 1913 година, Стеблево попаднало во границите на Албанија и неговата земја била поделена помеѓу Албанија и Србија. Стеблевчани го основале селото Лакаица на српска територија, која зафаќа една четвртина од земјата на Стеблево.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во 1961 година селото Лакаица имало 84 жители, додека во 1994 година живеат само седум жители, сите Македонци.
На пописот од 2002 година, во селото се забележани само 3 постојани жители, сите Македонци.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 63 | 78 | 84 | 60 | 6 | 2 | 7 | 3 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови
[уреди | уреди извор]Лакаица е македонско село.
Родови во Лакаица се:
- Доселеници: Рајковци (5 к.) доселени се од селото Стеблево во Голо Брдо и веруваат дека водат потекло од основачите на селото Стеблево кои дошле од селото Магарево кај Битола; Коловиќи (1 к.) доселени се од селото Стеблево. Подалечно потекло имаат од областа Матија во северна Албанија. Од каде предците им избегале од крвна одмазда. Постаро име за нив е Мациновци, ги има иселено и во Скопје; Цврковци или Цварковци (3 к.) доселени се од селото Стеблево, каде припаѓале на родот Ѓерановци. И тие се од основачите на селото; Бецековци (1 к.) и Стевовци (1 к.) доселени се од селото Стеблево. Таму припаѓале на родот Стевовци; Филоќевци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Клење во Голо Брдо; Миленковиќ (1 к.) доселени се од селото Клење. Таму припаѓале на родот Плаушковци. Имаат иселеници и во Скопје; Дреовци-Андреовци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Себишта во Голо Брдо.[8]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Филиповиħ, Миленко. С. Голо Брдо. Белешке о насељима, пореклу становништва, народном животу и обичаjима, Скопље 1940, с. 21-22, 24, 32.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Филиповиќ, Миленко. Дебарски Дримкол.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Лакаица на Ризницата
- Две сенки во Лакаица (Струшко) - последните жители на испустеното село — документарец на ТВ Скопје, 15 октомври 1989 г.