Локов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Локов
Поглед на селото Локов (2).jpg

Поглед на селото Локов

Локов is located in Македонија
Локов
Местоположба на Локов во Македонија
Координати 41°21′57″N 20°38′53″E / 41.36583° СГШ; 20.64806° ИГД / 41.36583; 20.64806Координати: 41°21′57″N 20°38′53″E / 41.36583° СГШ; 20.64806° ИГД / 41.36583; 20.64806
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Struga Municipality.svg Струга
Област Малесија
Население 0[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6338
Повик. бр. 046
Надм. вис. 1.325 м
Локов на општинската карта
Локов во Општина Струга.svg

Атарот на Локов во рамките на општината
Commons-logo.svg Локов на Ризницата


Локов — село во областа Малесија, во Општина Струга, сместено високо на падините на планината Караорман.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед кон селото од ридот над него, а во позадина се гледа планината Караорман

Селото се наоѓа во областа Малесија, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на западните падини на планината Караорман, а чиј атар се допира со вештачкото езеро Глобочица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.325 метри.[2]

Селото Локов се наоѓа на патот Виа Игнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Сместен е во центарот на областа Малесија помеѓу градовите Струга и Дебар и се простира на висорамнина од 1.360 метри надморска висина.

Историja[уреди | уреди извор]

Изградба на привремена црква „Св. Петка“ во селото по неговото опожарување во 1903 година

Во XIX век, Локов било село во рамките на Охридската каза на Отоманското Царство.

Во текот на Втората светска војна, на 26 јули 1943 година, бил создаден малесискиот партизански одред. На 8 јуни 1944 година, по извршената реорганизација на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада се создала првата Македонска народноослободителна ударна бригада.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 25 домаќинства и 75 жители мажи.[3]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Локов имало 320 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Локов имало 320 жители.[5]

Селото е целосно раселено по 1961 година, кога што броело 61 жител, македонско население.[2]

Процесот на миграцијата бил најголем во периодот помеѓу 1945 и 1946 година, кога голем број семејства се иселиле во Војводина, во околината на Прилеп (во Ново Лагово) и во градот Струга. Селото целосно опустело во 1965 година, кога со полнењето на вештачкото езеро Глобочица бил потопен единствениот пат кој го поврзувал селото Локов со градовите Струга и Дебар.

Според последниот попис од 2002 година, во селото Локов немало жители.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 320 320 191 223 61 0 0 4 0 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Локов во минатото било чисто македонско православно село, додека денес е целосно раселено. Сите родови во селото биле доселени.

Стари родови на кои не им се знае местото на старина се: Шукревци (4 к.); Петковци со Неделковци и Ристовци (5 к.) се еден род; Митревци (1 к.), некој нивен предок бил „војвода“ и побратим со Турците во Коџаџик, па им ја предал тамошната тврдина, поради што народот ги проколнувал да немаат повеќе од 3 куќи; Блажевци со Ѓоргијовци, Танчевци, Близнаковци или Петревци, Глигуровци и иселените Милевци (13 к.) се еден род; Беќаровци со Димовци (4 к.) и Јовчевци со Србиновци и Блажевци (1 к.).

Родови доселени со позната старина: Стојковци (11 к.), доселени се од селото Шипиница во Долен Дебар (денес во Албанија) и Казимоски Љушо (1 к.), Ром, ковач доселен во 1948 година од селото Мислодежда.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поранешното основно училиште, денес спомен-дом за основањето на Македонската народноослободителна ударна бригада

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Поглед на селото со селската црква „Св. Спас“ и крстот

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Караорман, во која покрај селото Локов, се наоѓале и селата Богојца, Брчево, Глобочица, Збажди, Мислодежда, Поум, Присовјани и ’Ржаново. Во периодот 1950-1952 година, селото Локов било седиште на некогашната општина Локов, во која влегувале селата Буринец, Локов, ’Ржаново и Селци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборното место бр. 1892 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Присовјани, а во кое влегуваат населените места Буринец, Локов, Присовјани, ’Ржаново, Селци и Збажди.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 22 гласачи.[11] На референдумот во 2018 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 19 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Споменик од НОБ во селото
Археолошки локалитети[13]
Цркви[14]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото постои спомен-дом на првата Македонска народноослободителна ударна бригада. Спомен-домот е поставен на местото на некогашното основно училиште „Наце Николоски“, кое функционирало од 1945 до 1962 година.

Локов како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Локов (1 дел) (Некој работи се трошет на зима)“ — расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.[15]
  • „Локов (2 дел) (Вероника реши да умрит, Фичо да спијат)“ — расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.[15]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 27 октомври 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 182. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 27 октомври 2018 г. 
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. Русиќ, Бранислав (1953). Малесија. Скопје: МАНУ фонд, “архив на Бранислав Русиќ„. стр. 49. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 27 октомври 2018. 
  11. „Локални избори 2017“. конс. 27 октомври 2018. 
  12. „Референдум 2018“. конс. 27 октомври 2018. 
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  15. 15,0 15,1 Ненад Јолдески Wezdensky, Штамата на Енхалон (Мемоари), Темплум, Скопје, 2009.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]