Ненад Јолдески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ненад Јолдески (р. 26 ноември 1986 во Струга) — македонски писател.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ненад Јолдески е роден на 26 ноември 1986 година, во Струга. Дипломирал на Економскиот факултет при „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Творештво[уреди | уреди извор]

Ненад Јолдески е автор на книгата: „Штамата на Енхалон[1] („Темплум“, 2009), збирка раскази напишани на струшки дијалект и сленг, која ја освои наградата„Новите“ за најдобро дебитантско дело на конкурсот распишан издавачката куќа „Темплум“ во 2009 година.

Во 2012 Ненад Јолдески ја издаде својата втора книга - збирка раскази со наслов „Секој со своето езеро[2][3] („Темплум“, 2012 / „Или-Или“, 2016 - второ издание) за која во 2016 година ја доби „Наградата за литература на Европска Унија“.

Уредник е на збирката раскази „Николај (фикција. вода. вистина)“ која содржи шест раскази од шест македонски автори, инспирирани од животот на руските емигранти доктор Никола Незлобински и неговата жена Софија Незлобинска.

За потребите на уметничката група „Везденски“ од која и самиот беше дел – Јолдески адаптирал неколку сценарија за различни аматерски театарски претстави. Тој е еден од основачите на ИНКА (Иницијатива за независен културен активизам) и на фестивалот ДРИМON кој секоја година се одржува во Струга.

Неговите раскази се преведени на неколку јазици во најразлични антологии, магазини и онлајн списанија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ненад Јолдески Wezdensky, Штамата на Ехалон (Мемоари), Скопје: Темплум, 2009.
  2. Ненад Јолдески, Секој со своето езеро, Скопје: Темплум, 2012
  3. Ненад Јолдески, Секој со своето езеро (раскази од вода), Скопје: Или-Или, 2016, второ издание