Коџаџик
Коџаџик | |
![]() Поглед на селото Коџаџик | |
Координати 41°26′43″N 20°36′6″E / 41.44528° СГШ; 20.60167° ИГДКоординати: 41°26′43″N 20°36′6″E / 41.44528° СГШ; 20.60167° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 275 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 08022, 08021 |
Надм. вис. | 1200 м |
![]() |
Коџаџик (турски: Kocacık) — село во Општина Центар Жупа, во околината на градот Дебар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Жупа во Западна Македонија, на планината Стогово.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Дебарската Каза во Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според податоците од 1873 година, селото имало 500 домаќинства со 218 жители христијани (Македонци) и 865 жители муслимани (Турци).[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Коџаџик живееле 1.250 жители, сите Турци.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 275 жители, сите Турци.[4]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1873 | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.083[2] | 1.250[3] | 835 | 654 | 110 | 79 | 114 | 201 | 207 | 275 |
Родови[уреди | уреди извор]
Коџаџик е турско село.
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
- Стари родови: Ѓулчелер (2 к.), Салолар (4 к.), Топал-Скендерлер (4 к.), Коранлар (1 к.), Ѓулолар (5 к.), Шопелер (2 к.), Шемшилер-Амамџик (3 к.), Бешколар (2 к.), Струњак (1 к.), Дере-Аметлер (1 к.), Караумерлер (1 к.), Торолар (1 к.), Маторолар (13 к.), Есатлар (6 к.), Ѓалолар (3 к.), Голалар (4 к.), Садолар или Шаинлар (6 к.), Ефатлар (2 к.), Чартолар (5 к.), Сератли (3 к.), Вучелер (2 к.), Клаќелер (1 к.), Ајдин-Бајрактар (1 к.), Кумитлар (1 к.), Карафеизолар (1 к.), Голелер (3 к.), Осман-Пеливанлар (1 к.), Карадемирлер (2 к.), Туралар (1 к.), Кара-Адилар (1 к.), Пингалар (3 к.) и Пилелар (9 к.) потекнуваат од најстарите доселеници, кои дошле уште во времето кога овде владеел Скендербег. Нивното потекло е од областа Коња во Турција. Овде се доселиле и сточари Јуруци кои ги паселе овците на планината Стогово. А некои родови возможно е да имаат словенско-македонско потекло.
- Понови доселеници: Шкодролар (6 к.) доселени се од околината на Скадар во Албанија во 1810 година, дошол прадедото на Ајдин (жив на 83 г. во 1954 година); Шпателер (1 к.) доселени се од некое место Шпат во Албанија во 1850 година; Бургазџилер (1 к.) доселени се од Бургас во Бугарија во 1878 година; Миминовци (1 к.) доселени се од селото Брештани во 1916 година; Миртолар (1 к.) доселени се од селото Горно Елевци во 1936 година.[6]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[7]
- Аџи Чорме Мемети — тумул од железно време
- Ѓурумлук — средновековна некропола
- Кале — старомакедонска, римска и средновековна населба
- Келица — средновековна населба
- Петко — средновековна населба
Личности[уреди | уреди извор]
- Али Риза Ефенди (1839–1888) — татко на Мустафа Кемал Ататурк
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Галерија[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 568 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 223 гласачи.[9]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од старото македонско население кое некогаш живеело во селото има иселеници во некои дебарски села.
Од турското население има иселеници во скоро сите муслимански села во Дебарско. Потоа во Струшко (Делогожди, Корошишта), Преспа (Ресен, Дрмени). Потоа турски иселеници има во Гостивар, Охрид, Скопје и Кичево. А највеќе во Турција преку 160 семејства иселени до 1954 година, и тоа во Адапазар (најголемиот број, каде се иселени 80 семејства), Ѓеракој крај Бурса(каде се иселиле околу 50 семејства), Истанбул, Измир, Одрин, Малгара, Бурса, Муратлија крај Одрин и др.[6]
Иселувањата на турското население од Коџаџик во Турција продолжило и после 1954 година.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.176-177.
- ↑ 3,0 3,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.261
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 6,0 6,1 Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет.
- ↑ Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Коџаџик на Google Карти
|