Меморијален центар „Коџаџик“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Спомен-куќа на Кемал Мустафа Ататурк

Меморијален центар „Коџаџик“- родната куќа на Мустафа Кемал Ататурк, основоположник на модерна Турција. Таткото на Ататурк, Али Риза ефенди (1839- 1888) е роден во семејството на Казли Хафез Ахмед, служел во турската војска и кон крајот на XIX век се преселил во Солун. Таму, се запознал со Зебеиде Ханим, со која покасно и се оженил. Нивниот син, Kемал Мустафа, се родил во родното село на неговата мајка, Лангаса. Големата желба да ја зачува врската со својот роден крај, Али Риза ефенди го испраќа својот син во военото училиште во Битола.[1]

Родната куќа[уреди | уреди извор]

Според археолошките податоци и градежните материјали од остатоците на куќата, се предпоставува дека куќата на семејството на Kемал Ататурк е изградена според истиот терк како и останатите куќи во тој период.

Покрај остатоците од куќата, во нејзина близина се наоѓале и остатоци од друг станбен објект кои заедно представуваат една целина. Едната куќа е позната како семејна, а помалата е позната како роднинска. Нивните sидови биле изградени од кршен и необработен камен залепени со кал.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Родната куќа на Ататурк се наоѓа на североисточниот крај од селото Коџаџик, на карпест и стремен терен, со поглед кон тврдината Коџаџик.

Спомен-куќа на смејството на Ќемал Мустафа Ататурк[уреди | уреди извор]

Врз темелите на старата куќа е изградена спомен-куќата на семејството на Ататурк. Овој меморијален комплекс се простира на повеќе од 20 000 метри квадратни каде се изградени двете автентични куќи, семејната и роднинската, а во самиот двор е изграден и амфитеатар. Овој меморијален споменик е изграден од Министерството за култура и турската агенција ТИКА. Овој музеј е отворен на 19 мај 2014 со меѓудржавна свечена церемонија. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Меморијален центар Koџаџик“. Управа за заштита на културното богатство на Република Македонија. 
  2. „Спомен-куќа посилна и од спомените и од реалноста“. Призма.