Прејди на содржината

Кочишта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кочишта

Воздушен поглед на месноста на селото Кочишта

Кочишта во рамките на Македонија
Кочишта
Местоположба на Кочишта во Македонија
Кочишта на карта

Карта

Координати 41°27′46″N 20°35′29″E / 41.46278°N 20.59139°E / 41.46278; 20.59139
Регион Југозападен
Општина Центар Жупа
ОбластЖупа
Население0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1258
Повик. бр.046
Шифра на КО08023
Надм. вис.1.020 м
Кочишта на општинската карта

Атарот на Кочишта во рамките на општината
Кочишта на Ризницата

Кочишта — напуштено село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено под југозападната падина на планината Стогово.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.020 метри.[2] Од градот Дебар е оддалечено 16 километри.

До селото се доаѓа по земјен пат, кој започнува во близина на селото Житинени, каде поминува регионалниот пат 2249.

Историја

[уреди | уреди извор]

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 19,9 км2.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948163    
1953177+8.6%
19610−100.0%
197100.00%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.[4]

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 35 домаќинства со 68 жители христијани (Македонци) и 40 муслимани (Македонци).[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кочишта живееле 355 жители, од кои 180 жители христијани (Македонци) и 175 жители муслимани (Македонци).[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кочишта имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

Селото е наполно раселено по 1953 година, кога што броело 177 жители, турско население.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Кочишта немало жители.[9] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 355 96 163 177 0 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Кочишта е раселено село. Било торбешко (македонско-муслиманско) село.[14]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:

  • Доселеници: Мемовци или Мемишовци (30 к.), се делат на Јашаровци (9 к.), Аламановци (7 к.), Фидовци (11 к.) и Вејселовци (3 к.), доселени се од селото Коџаџик, од родот Бајрамовци. Самите кажуваат дека потекнуваат од турските сточари, Јуруци.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од македонските православни родови кои живееле некогаш во селото се знае за иселеници во селото Нерези во Дримкол, Шопкини. Потоа иселеници има и во Скопје, Бугарија и Дебар.[14]

Од торбешите иселеници до 1954 година има во Турција (13 семејства), од кои во Адапазар (8 семејства), Каја Чифлик во близина на Измир (5 семејства), потоа во Сушица близу Струмица, и во Кичево.[14]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Кочишта било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0566 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Брештани.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 102 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[17]

Личности

[уреди | уреди извор]

Личности родени во Кочишта:

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 3 4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 160.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. 367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 1 2 3 Русиќ, Бранислав (1957). Дебарска Жупа. Филозофски факултет на универзитетот - Скопје, Историско-филолошки оддел.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-01-21. Посетено на 21 јануари 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]