Брештани
Брештани | |
![]() Поглед на дел од селото под падините на Стогово | |
Координати 41°27′15″N 20°35′9″E / 41.45417° СГШ; 20.58583° ИГДКоординати: 41°27′15″N 20°35′9″E / 41.45417° СГШ; 20.58583° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 120 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 08006 |
Надм. вис. | 943 м |
![]() |
Брештани — село во Општина Центар Жупа. Според пописот од 2002 година, во селото живееле 120 жители.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Жупа во Западна Македонија. Брештани лежи на западните падини на Стогово.
Историја[уреди | уреди извор]
Според податоците од 1873 година, селото имало 25 домаќинства со 48 жители Турци.[1] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 300 жители Турци.[2]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 120 жители, сите Турци.[3]
Родови[уреди | уреди извор]
Брештани е турско село.
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
- Доселеници: Сулолар (2 к.), Аламанлар (3 к.), Шаинлар (2 к.), Рахманлар (3 к.), Емролар (3 к.), Саиди-Беќирлер (4 к.), Сератли (4 к.), Тафоџалар (2 к.), Бајрамлар (4 к.), Камберлер (3 к.), Феролар (4 к.), Исаклар (4 к.), Чолак-Османлар (3 к.) и Мало-Спаи (5 к.) сите се доселени од селото Коџаџик кон крајот на 18ти и почетокот на XIX век.. Во Коџаџик имале роднини.[4]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 566 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 102 гласачи.[6]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[7]
- Влаи — средновековна населба и некропола;
- Машатлак — средновековна некропола;
- Долно Поличе — населба од доцноантичко време;
- Поличе — средновековна црква и некропола;
Иселеници[уреди | уреди извор]
Турците од селото се иселиле во најголем број во Турција. И тоа највеќе во Адапазар и Истанбул.[4]
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.176-177.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.261
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ 4,0 4,1 Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Брештани“ на Ризницата ? |
- Сателитска снимка на Брештани на Карти на Гугл
|