Житинени
Житинени | |
![]() Влезот на селото | |
Координати 41°28′14″N 20°34′15″E / 41.47056° N; 20.57083° EКоординати: 41°28′14″N 20°34′15″E / 41.47056° N; 20.57083° E | |
Општина | ![]() |
Население | 537 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 08019 |
Надм. вис. | 994 м |
![]() |
Житинени — село во Општина Центар Жупа. Селото според пописот од 2002 година имало население од 537 жители. Жителите се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се изјасниле како Турци.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Жупа во Западна Македонија. Селото е напланината Стогово.
Историја[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 15 домаќинства со 38 жители муслимани (Македонци).[1] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 232 жители муслимани (Македонци).[2]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 537 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]
Националност | Вкупно |
Турци | 536 |
Албанци | 1 |
Родови[уреди | уреди извор]
Житинени е торбешко село.
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
- Староседелци: Имеровци (5 к.), Мијединовци (1 к.), Цаневци, Дурмишовци (10 к.), Бастријовци (6 к.), Идризовци (4 к.), Мифтаровци (3 к.), Алијовци и Ибраимовци (1 к.)
- Доселеници: Куртовци (9 к.) доселени се на самиот почеток на XIX век од селото Коџаџик, потеклото им е турско. Но овде кога дошле одма се измешале со Торбешите, и сега го зборуваат само македонскиот јазик. Помеѓу житиненските родови има приличен број на домазети од селото Долени во близина на Пешкопеја.[4]
Православни македонски родови
- Доселеници: Зајекаровци (1 к.) доселени се околу 1898 година од селото Броштица; Новковци (1 к.) потекнуваат од предокот Новко кој се доселил околу 1846 година од околината на Воден во Егејска Македонија.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 565 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 491 гласачи.[6]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[7]
- Манастир — средновековна населба, црква и некропола;
- Црков — средновековна некропола;
- Чифлик — доцноантичка и средновековна населба;
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од македонското православно население има голем број на иселеници во Софија, Смедерево, Сер, Скопје (во населбата Ѓорче Петров), Дебар, Лом, Пловдив, Битола, Кавадарци.[4]
Од торбешкото население иселеници има во Турција (Бергама, Брус), Чаушли близу Дојран, Казандол близу Валандово, Мокриево и Чепели близу Струмица.[4]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.176-177.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.261
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Житинени на Карти на Google
|