Чаушли
Чаушли — село во Општина Дојран, југоисточна Македонија. Денес нема жители.[1]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено на северната падина на планината Боска, во северозападниот дел на општината. Лежи на надморска височина од 410 м, а атарот зазема 4,4 км2.[2] Кај селото извира Чаушлиска Река, која минува низ него, продолжува низ мала акумулација во месноста Чаушлиско Поле, па течејќи на север се влева во Луда Мара.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Чаушли било чисто турско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чаушли е село со 35 домаќинства сочинети од 64 муслимани.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото се состоело од 175 жители, сите Турци.[4]
Тука во 1916 г. погребан бугарскиот педагог и општественик од швајцарско потекло Луј Ајер, кој загинал како офицер во Битката кај Дојран таа година.
Демографија[уреди | уреди извор]
Во периодот пред Втората светска војна дошло до големо намалување на населението на Чаушли. По војната дошло до извесен пораст, за да се намали на половина во текот на 1950-тите (од 87 во 1953 на 41 жител во 1961 г.) Во следната деценија бројто на жители драстично опаднал, сведувајќи се на само 8 лица во 1971 г. Таа деценија Чаушли е сосема напуштено. Според пописот од 2002 година, Чаушли немало ниеден жител.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 175 | — | 66 | 87 | 41 | 8 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 316. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995. стр. 192-193.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 162.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|