Власиќи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Власиќи
Власиќи is located in Македонија
Власиќи
Местоположба на Власиќи во Македонија
Координати 41°28′36″N 20°31′30″E / 41.47667° СГШ; 20.52500° ИГД / 41.47667; 20.52500Координати: 41°28′36″N 20°31′30″E / 41.47667° СГШ; 20.52500° ИГД / 41.47667; 20.52500
Општина Coat of arms of Centar Župa Municipality.svg Центар Жупа
Население раселено од 1953 г. жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 590 м

Власиќи е село во Општина Центар Жупа. Денес селото е иселено и последните жители го напуштиле истото пред 1953 година.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Власиќи лежи на надморска височина од 590 метри. Селото се наоѓа на северозападните падини на Стогово, во близина на Дебарското Езеро.

Историja[уреди | уреди извор]

Името на селото потекнува од времето на миграцискиот бран на доселување на Власи од Албанија во Дебарско кон крајот на XVII век. Покрај Власиќи, од Власите е основано и маалото Влаовци во селото Рајчица.

Според податоците од 1873 година, селото имало 7 домаќинства со 55 жители муслимани (Македонци) и 10 христијани (Македонци).[1] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 10 Македонци-христијани и 55 жители Македонци-муслимани.[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Селото нема жители, бидејќи е раселено уште од 1953 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.176-177.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.261

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]