Прејди на содржината

Новак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Новак

Воздушен поглед на селото Новак

Новак во рамките на Македонија
Новак
Местоположба на Новак во Македонија
Новак на карта

Карта

Координати 41°26′12″N 20°37′4″E / 41.43667°N 20.61778°E / 41.43667; 20.61778
Регион Југозападен
Општина Центар Жупа
ОбластЖупа
Население во атар1751 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1258
Повик. бр.046
Шифра на КО08027
Надм. вис.1.300 м
Новак на општинската карта

Атарот на Новак во рамките на општината
Новак на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Новак — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е забележано како Новак село во XVI век (1583 г.). Името на селото всушност доаѓа од Новаци, а Новак го користат Турците бидејќи во својот јазик го немаат гласот „ц“. Може да доаѓа од личното име Новак, или пак од новак со значење новодојден.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во крајниот јужен дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено под југозападната падина на планината Стогово.[3] Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 1.300 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 22 километри.[3]

Низ селото поминува регионалниот пат 2249.

Историја

[уреди | уреди извор]

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 8,8 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 628 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 115 хектари, а на шумите само 9 хектари.[3]

Селото, во основа, има главно полјоделско-сточарска функција. Во селото работат услужни објекти.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.[5]

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 150 домаќинства со 280 жители муслимани (Турци).[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новак живееле 600 жители, сите Турци.[7]

Афанасиј Селишчев го означил Новак како мешано македонско-албанско село на својата етничка карта на Северозападна Македонија од 1929 година.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци.[9]

Според пописот на населението во Албанија од 1942 година, во Новак живееле 643 муслимански Албанци.[10]

Во 1961 година, селото броело 537 жители, турско население, додека во 1994 година бројот значително се зголемил и тогаш селото броело 949 жители, исто така, турско население.[3]

Според пописот од 2002 година, селото Новак броело 1.006 жители, од кои 1.003 Турци и 3 останати.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 751 жител, од кои 703 Турци, 3 останати и 45 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 600 442 760 537 539 748 928 949 1.006 751
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Новак е турско село.[17]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:

  • Стари доселеници: Шемшилер (9 к.), Сулолар (3 к.), Арифлар (5 к.), Науфлар (3 к.), Реџеплер (6 к.), Аболар (5 к.), Муртолар (5 к.), Асанлар (12 к.), Перзилер (2 к.), Иљазлар (4 к.), Ајдарлар (8 к.), Исалар (2 к.), Џеладинлар (3 к.), Муратлар (4 к.), Умерлер (5 к.), Арсанлар (5 к.), Беќирлер (6 к.), Селманлар (6 к.), Алилар (2 к.), Меметлер (7 к.), Аметлер (7 к.), Емролар (6 к.), Арсланлар (5 к.), Алилар (6 к.), Амзалар (7 к.), Фератлар (5 к.), Љабурлар (4 к.) и Мустафалар (5 к.).

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Турски иселеници од селото до 1954 година има во Ресен, и во Турција (околу 30 семејства), во градовите Адапазар, Истанбул, Бергама, Измир, Мелемен и Одрин.[17]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Селската џамија

Кон крајот на XIX век, Новак било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така дел од некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0569 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.057 гласачи.[19] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.124 гласачи.[20]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Џамии[21]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 117. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 210.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-02-25. Посетено на 2024-02-11.
  5. 367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
  7. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
  8. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Ethnic/Religious composition of Dibër and Tetovë prefectures“. Архивирано од изворникот на 2021-10-16. Посетено на 2025-09-24.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. 1 2 Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2023-02-07. Посетено на 7 февруари 2023.
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]