Горно Мелничани
Горно Мелничани | |
Координати 41°31′8″N 20°35′17″E / 41.51889° N; 20.58806° EКоординати: 41°31′8″N 20°35′17″E / 41.51889° N; 20.58806° E | |
Општина | ![]() |
Население | 0 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 08012 |
Надм. вис. | 1446 м |
![]() |
Горно Мелничани — село во Општина Центар Жупа, во околината на градот Дебар. Селото е иселено и нема жители.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Горно Мелничани се наоѓа на повисоката терасеста површина во однос на Долно Мелничани. Просторот над селото се вика “Планина“, а шумата е “Под Село и “Над Село“. Порано овде биле и обработливи површини: ниви и лозја. На местото “Осој“ е заедничкиот синор со Долно Мелничани.
Пристапот до селото, порано, бил многу тежок. Се одело преку Долно Мелничани каде патот поминувал вертикално по падината “Кошево“ и “Ленишча“. Сега е направен автомобилски пат, пробиен пред дваесетина години.
Над селото е планината Стогово со огранокот Маруша, од кој се спуштаат два потока “Мелница“ и “Леденица“. “Драга“ исто е поток кој се спушта од Маруша и е река од камења. Помали рекички се: Буче, Трескин Дол (со име на крастата што се наоѓа во овој дел), Девојкин Камен и Рупина. Во селото има повеќе чешми и тоа: Гумнишче, Бука, Млака, Маврица, Тодоромашница, Расадишче, Винишче, Горни Равен, Кочишча и други.
Селото се дели на два краја (маала) разделени 300 до 400 метри.[1]
Горно Мелничани е едно од највисоките села во Република Македонија, сместено на 1446 метри надморска височина.
Историja[уреди | уреди извор]
Според турските пописни дефтери Горно Мелничани е христијанско село источно од Дебар, во нахијата Река. Во 1467 г. имало 9 семејства; во 1536-39 г. – 16 семејства, 2 неженети и 1 вдовица; во 1583 г. – 33 семејства и 8 неженети.[2] Според податоците од 1873 година, селото имало 30 домаќинства со 96 жители христијани (Македонци).[3] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 275 жители христијани (Македонци).[4]
Тома Смиљаниќ во својата книга “Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле“ за Горно Мелничани како дел од регионот Голема Река (во кој се и селата Долно Мелничани и Долно Косоврасти) пишува дека во 1920 година во селото имало 44 куќи со 44 мажи и 82 жени, вкупно 190.
Карактеристично за селото Горно Мелничани е дека сите 45 семејства што живееле во селото во 1920 односно 1926 година се иселиле; никој од иселените не се обидел да го продаде имотот - земјиштето и куќата што ја поседувал. Од 45 семејства, 17 се иселиле во Скопје и уште 20 други членови на семејствата создале свои семејства и живеат во Скопје. Во Белград се иселиле 7 семејства и уште 7 нивни членови таму создале семејства; во Дебар се иселиле 9 семејства; во Бугарија 7 и во Струга, Кавадарци, Тетово, Чачак и Загреб се иселило по едно семејство. Од вкупниот број семејства само 7 изумреле во селото. Најголем дел од селаните што живееле во селото сега имаат своја куќа и свое земјиште и тој број изнесува 32 семејства, чии членови повремено доаѓаат во селото.
Домаќинства- фамилии кои живееле во Горно Мелничани во 1926 година сè до нивното иселување: Велковски, Таневски, Макревски, Кузмановски, Цветковски, Стаматовски, Неделковски, Даниловски, Крстевски, Стојановски, Милошевски, Чоловиќ, Веловски, Мојсовски, Фидановски, Јаковлевски, Маневски, Савевски, Србиновски, Петревски, Штерјовски, Секуловски, Серафимовски, Божиновски, Симоновски, Костовски, Јаковлевски, Николовски, Арсовски, Јовановски и други.[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 275 жители христијани (Македонци).[5]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Мелничани имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Селото е наполно раселено по 1971 година, кога броело 18 жители, сите Македонци.
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[7]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 275[5] | 320[6] | 179 | 190 | 126 | 18 | — | — | — | — |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Свети врачи Кузман и Дамјан" — селска црква од XIX век;[8]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Петко и Методија Јовчевски (2000). Рајчица и Рајчка парохија крајот на XIX и првата половина на XX век. Дебар: ДООЕЛ Графобимс Струга. стр. 113–117.
- ↑ Александар Стојановски, Драги Ѓоргиев (2001). Населби и население во Македонија - XV и XVI век. Скопје: Институт за национална историја, Државен архив на РМ. стр. 139.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.176-177.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.261
- ↑ 5,0 5,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.263.
- ↑ 6,0 6,1 D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.184-185.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Дебарско-реканска парохија“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 2011-08-02.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Горно Мелничани на Карти на Google
|