Прејди на содржината

Мелнички мост

Координати: 41°31′18″N 20°34′06″E / 41.521667° СГШ; 20.568333° ИГД / 41.521667; 20.568333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мелнички мост
Воздушен поглед на мостот над Дебарското Езеро
Координати41°31′18″N 20°34′06″E / 41.521667° СГШ; 20.568333° ИГД / 41.521667; 20.568333
Носи
ПреминуваДебарско Езеро
МестоДолно Мелничани
СопственикЕлектростопанство на Македонија
Особености
Вкуп. должина368 м
Историја
ПроектантНикола Хајдин
ИнженерЦветан Таневски-Цони
ГрадителГП „Пелагонија“
Почнат1969
Завршен1970
Сообраќај
Мостаринанема
Местоположба
Карта

Мелнички мост — патен мост на регионалниот пат 1202, кој го поминува Дебарското Езеро.

Историја

[уреди | уреди извор]

Со изградбата на браната „Шпиље“ и создавањето на Дебарското Езеро, било неопходно да се изгради мост за премостување на двете страни на езерото. Изградбата на мостот била извршена во периодот 1969-1970 година според проектна документација на професорот Никола Хајдин од Белградскиот универзитет. Мостот бил изграден од ГП „Пелагонија“, а со инвестиција на Електростопанство на Македонија.[1] Мостот бил изграден во 1970 година, а на него се наоѓа и градскиот водовод за Дебар, кој доаѓа од селото Росоки.[2]

Во текот на 2014 година бил обновен[3] откако биле регистрирани сериозни оштетувања на самата конструкција на мостот.[1]

Конструкција

[уреди | уреди извор]

Мостот е изведен како две континуирани независни конструкции преку четири полиња со меѓусебен распон 68 + 2 х 83 + 68 и преку две полиња со меѓусебен распон од 33 + 33 метри. Вкупната должина на мостот е 368 метри, и припаѓа на групата подолги и поатрактивни мостови во Македонија.[1]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 „Транспортна артерија на Дебар со останатите делови од Македонија“. Порта3. 2015-01-15. Посетено на 2023-01-08.
  2. „ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА | Јавно претпријатие за државни патишта“. www.roads.org.mk. Посетено на 2023-01-08.
  3. „Обновениот Мелнички мост пред технички прием, инвестирани 69,6 милиони денари“. kanal5.com.mk. Посетено на 2023-01-07.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]