Кале (Коџаџик)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кале
археолошко наоѓалиште
Кале is located in Археолошки локалитет во Македонија
Кале
Кале
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 41°26′43″N 20°36′6″E / 41.44528° СГШ; 20.60167° ИГД / 41.44528; 20.60167Координати: 41°26′43″N 20°36′6″E / 41.44528° СГШ; 20.60167° ИГД / 41.44528; 20.60167
Основни податоци
Име Кале
Место Коџаџик
Општина Центар Жупа
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба

Период хеленистичко време
римско време
среден век
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Кале — археолошки локалитет во дебарското село Коџаџик. Локалитетот претставува древномакедонска, римска и средновековна утвердена населба. Се наоѓа северозападно од селото, на голема височинка што има доминантна положба над пространата територија на Жупа, со можност за контрола на комуникациите во неа. На самиот врв, кој има стрмни карпи и зарамнето плато, постојат остатоци од утврдена населба. Одбранбениот бедем на калето е граден од големи камени блокови во сувоѕидица. До калето води пат послан со кршени камења - калдрма. По површината на тврдината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Во месноста Поткале, покрај патот што води за калето се гледаат гробни конструкции од камени плочи - тип циста.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069