Прејди на содржината

Делогожди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Делогожди
Делогожда

Воздушен поглед на селото Делогожди

Делогожди во рамките на Македонија
Делогожди
Местоположба на Делогожди во Македонија
Делогожди на карта

Карта

Координати 41°15′26″N 20°43′25″E / 41.25722°N 20.72361°E / 41.25722; 20.72361
Регион Југозападен
Општина Струга
ОбластСтрушко Поле
Население во атар11.714 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.6338
Повик. бр.046
Шифра на КО26014
Надм. вис.770 м
Делогожди на општинската карта

Атарот на Делогожди во рамките на општината
Делогожди на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Делогожди (понекогаш запишано као Делогожда) — село во областа Струшко Поле, во Општина Струга, во околината на градот Струга.

До 2004 година претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, која била споена со Општина Струга.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото е од словенско потекло и е изведено од личното име Делегоста.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото

Селото се наоѓа речиси во источниот дел на Струшкото Поле, како и на Општина Струга, на крајните огранки на планината Караорман, чиј атар на тесен дел се допира со подрачјето на Општина Дебрца.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 770 метри. Од градот Струга селото е оддалечено 13 километри.[3]

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2243 пред селото Долно Татеши, но до селото може да се пристапи и преку локален асфалтен пат од селото Џепин.

Куќите на ова големо струшко село се наоѓаат на јужното подножје на планината Караорман и на благи падини. Тука се допира пониското земјиште на југ со планинските падини на север. Така, селскиот атар може да се користи за различна стопанска намена. Околни села се Џепин, Поум, Долно Татеши и други. Во минатото, мештаните водата за пиење ја добивале од извори и бунари. На падините над селото познат е карстниот извор Извор, додека на самата планина изворите Крчин и Корито.[2]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Краста, Аља-Нива, Ара Стојанит (Стојанова Нива), Шоко-Краста, Стани Влаит, Ледини, Корито, Мали Лединки, Крчин, Равша-Млиња, Краста-Ѓат, Гропа Рамонит, Бунари-Поумит, Кодра Медисме, Краста Велкут, Извор, Врам, Астравица, Поле, Кутлина, Зеленике, Галичари, Гола Нива, Трапчи-Кеч, Шавариште, Сркнора, Дренка, Плитница, Бунари Јонузи, Заблаче, Ливада, Ара-Маде, Ливадски Пат и Подкраста.[2]

Селото има збиен тип, поделено на Горно и Долно. Во самиот краеви има помали маала наречени Положан, Жаку, Коџаџику, Шабанлар и други, наречени по родови.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во селото е откриена римска или рановизантиска базилика, срушена најверојатно во VI век.[2] Во подоцнежни истражувања е заклучено дека се работи за некропола со базилика наречена „Св. Илија“ со елементи од повеќе епохо и е прогласена за културно наследство на Македонија[4]

Оскудни се преданијата за постанокот и раното минато на селото. Сепак, некои податоци говорат дека селото е старо, што се потврдува со добрата географска местоположба и добрата снабденост со питка вода. Водата за пиење главно се добива од карстниот извор Извор, од каде е спроведена и водата за селскиот водовод.[2]

Делогожди најпрвин било населено со словенско-христијанско население. Тоа население тука живееле до првата половина на XIX век, кога се говори дека имало околу 25 куќи. Меѓутоа, во тоа време во селото се доселило муслиманско население. Муслиманите ги малтретирале христијаните, поради што тие се иселиле. Денешните Албанци не знаат или не кажуваат каде има иселеници од нивното село. На тоа иселено население потсетуваат името и некои топоними, како Ара Стојанит, Краста Велкут и други.[2]

Први муслимански доселеници во селото се членови на денешниот голем род Положан. Тие дошле на почетокот на XIX век од Северна Албанија. Потоа следело доселувањето на родот Жаку од Дебарско. Јован Трифуноски запишал дека мештаните му кажале дека доселениците затекнале чифлиг на некој бег и словенско-христијанско население. Меѓутоа, кога земјата преминала во сопственост на доселениците не е познато.[2]

Муслиманските родови доселени се како домаќинства со неколку членови, најчесто татко со синовите или браќа со останати членови. Тие брзо направиле куќни задруги и нивниот број се намножил. Затоа, муслиманите од ова село подоцна оделе во другите соседни села — особено во Ливада и во Џепин, како и во други градови.[2]

Во Делогожди постои џамија изградена околу 1900 година, сместена во средишниот дел на селото. Претходно таму постоела помала џамија.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 15,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 622 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 564,3 хектари, а на пасиштата 234 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во него работат продавници и угостителски објекти.[3]

До крајот на Втората светска војна, мештаните живееле од земјоделство и сточарство. Најмногу одгледувале стока и жито. Меѓутоа, по војната младите заминувале на привремена работа во Германија, Австрија, Швајцарија и Австралија, поради што сточарството значително опаднало.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година, селото имало 65 муслимани.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Делогожди живееле 730 жители, сите Албанци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Делогожди се води како чисто албанско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 120 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.000 Албанци.[8]

Селото е големо, во коешто живее албанско население. Во 1961 година, селото броело 1.453 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 2.229 жители, од кои 2.223 биле Албанци, тројца Македонци и еден жител Србин.[3]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Делогожди, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, селото броело 2.920 жители, од кои 2.920 Албанци, 7 Турци, 1 Србин и 11 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.714 жители, од кои 1.668 Албанци и 46 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 730 1.140 1.280 1.453 1.717 2.082 9 2.229 2.920 1.714
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Денес, во селото живее албанско муслиманско население, но нивното етничко потекло е различно (албанско, торбешко и турско).[2]

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1977 година, родови во селото: Положан (околу 100 к.), родовското име го добиле по селото во Северна Албанија од каде се доселиле. Родот се намножил од браќата Цан и Суљо кои се доселиле на почетокот од XIX век. Го знаат следното родословие: Рустем (жив, 77 години во 1980 г.)-Первиз-Даут-?-Цан, кој се доселил. Од предокот Суљо денес потекнуваат само десетина домаќинства, останатите се од предокот Цан; Жаку (35 к.), доселени се од Дебарско, од каде се иселиле поради крвна одмазда, го знаат следното родословие: Ибни (жив, 58 години во 1980 г.)-Сали-Дестан-Мамут-Џафер, основачот на родот кој се доселил, кој имал 4 синови Мамут, Селман, Емин и Рустем; Села (15 к.), доселени се од соседното планинско село Поум, подалечно потекло од Дебарско; Кица (10 к.) и Мазари (10 к.), исто така се доселени од Дебарско; Шабанлар (20 к.), доселени се од областа Голо Брдо, тие се албанизиран торбешки род, кога дошле зборувале на македонски; Коџаџику (30 к.), доселени се од селото Коџаџик, Дебарско. Тие се албанизирани Турци, кога дошле во селото зборувале турски; Аљасани (15 к.) и Цапри (7 к.), доселени се од охридското село Ливоишта, можеби се албанизирани Македонци и Домазет (4 к.), потекнуваат од домазет. И овдешните Албанци го употребуваат зборот домазет.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Покрај иселувањето на старото словенско-христијанско население, во поново време има иселување на муслимански домаќинства. Едни иселеници преминале во соседните села, како Ливада (околу 50 к.), Џепин (околу 28 к.), Биџево (15 к.), Долна Белица (2 к.), Ново Село (2 к.), но има иселеници и во градовите Охрид и Струга, како и во Турција и Албанија.[2]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Делогожди било село во Охридската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Делогожди.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Драслајца, во која покрај селото Делогожди, се наоѓале и селата Биџево, Драслајца, Ливада, Ложани, Мороишта и Ново Село. Во периодот 1950-1952 година, селото Делогожди било седиште на некогашната општина Делогожди, во која влегувале селата Богојци, Горно Татеши, Долно Татеши, Корошишта, Тоска и Џепин.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 1895, 1895/1, 1896 и 1896/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[2]
  • Во минатото во селото постоела црква во источниот дел на селото, кај денешното училиште, заедно со гробишта околу нејзе.
Џамии[17]
Други објекти
  • На сретселото е подигната саат-кула во поново време.
Споменици

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Делогожди

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]
  • КУД „Беса“ — основано во 1974 година, како резултат на големата желба на младинатa на Делогожди за да ги афирмира вредностите и културно-уметничкaтa традиција на Делогожди и на струшката околија.
  • ФК Делогожди — фудбалски клуб основан во 1977/78 година со името „Влазрими“. Како прв иницијатор за да се основа клубoт бил Алит Алити, во чија чест е наречен спортскиот центар во селото.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 218-220. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
  3. 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 94. Посетено на 24 јуни 2026.
  4. 1 2 Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 253.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот Вилает (PDF). Каламус. стр. 32.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 јуни 2026.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 390. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Забелешки
  1. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да замат учество (го бојкотираа) во Пописот.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]