Прејди на содржината

Градиште (Делогожди)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Градиште“

Карта

Местоположба 41°15′26″N 20°43′25″E / 41.25722°N 20.72361°E / 41.25722; 20.72361
Основни податоци
МестоДелогожди
ОпштинаСтруга
Тип

 населба


Период железно време
хеленистичко време
римско време
Портал „Археологија“

Градиште или Кале — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Делогожди. Претставува населба од железно, хеленистичко и римско време. Се наоѓа на 3 км североисточно од селото и на 1 км северно од некрополата Св. Илија. Сместен е на висок рид, на неколку нивоа, на кои се протега утврдување. Утврдувањето е проширувано со одбранбени ѕидови од кршен камен, изведени во сувоѕидица на терасите што се спуштаат кон југ. На источната страна од највисоката тераса се следи ѕид изграден од камен и малтер. Сондажни истражувања се вршени во 1980 година од страна на Вера Битракова Грозданова. На местото е откриена и хеленистичка и римска керамика. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Струга.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.