Бегова Нива (Горно Татеши)
Бегова Нива или Ќеле — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Горно Татеши. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 600 м северозападно од селото, на простор со димензии од околу 150 × 100 м, на кој денес се наоѓаат ниви. По површината на нивите се пронајдени фрагменти од тегули, имбрекси, питоси и друг градежен материјал. Според кажувањата на мештаните, при обработувањето на земјата се пронајдени и остатоци од темели на објекти.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Горно Татеши;
- Горна Ливада — некропола од доцен среден век;
- Кале — утврдување од римско време;
- Петкова Нива — населба од доцноантичко време;
- Црква — населба од доцноантичко време;
- Штрати — населба од доцноантичко време.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче(1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |