Радолишта (археолошко наоѓалиште)
Радолишта — населба од доцноантичкото време во атарот на селото Радолишта, Македонија. На источната периферија на селото, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. При обработувањето на земјата селаните откриле ѕидови од објекти, а најдени се и монети од Анастасиј, Јустинијан I и постари. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Камен Мост - Опале — населба од неолитското време и некропола од железното време;
- Цигански Гробишта — старохристијанска базилика и раносредновековна некропола;
- Радолишта; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Струшко.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 397. ISBN 9989-649-28-6.