Кале (Горно Татеши)
Кале — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Горно Татеши. Претставува утврдување од римско време. Се наоѓа на околу 2-3 км северозападно од селото на висок рид со местоположба која доминира над целата околина, на надморска височина од околу 1.000 м. На зарамнетото плато, кое зафаќа површина со димензии од 40 × 60 м, се гледаат темели од бедеми, а по површината е откриено големо количество градежен материјал. Откриени се и неколку базени за собирање на дождовница. На овој простор, пред Втората светска војна е пронајдена сребрена монета (веројатно тетрадрахма). Тоа укажува на можноста калето да постоело од I век пред н.е. па сè до доцната антика, што може да се заклучи и од големиот број фрагменти од керамички садови, питоси и друг археолошки материјал пронајден на површината.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Горно Татеши;
- Бегова Нива - Ќеле — населба од доцноантичко време;
- Горна Ливада — некропола од доцен среден век;
- Петкова Нива — населба од доцноантичко време;
- Црква — населба од доцноантичко време;
- Штрати — населба од доцноантичко време.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче(1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |