Св. Мартинијан (Ташмаруништа)
„Св. Мартинијан“ | |
Поглед на базиликата | |
| Местоположба | 41°15′29.4″N 20°38′56.1″E / 41.258167°N 20.648917°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Ташмаруништа |
| Општина | Струга |
| Тип |
|
| Период | доцноантичко време |
| Портал „Археологија“ | |
Св. Мартинијан — археолошко наоѓалиште во струшкото село Радолишта. Претставува сакрален објект од доцноантичкото време.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Наоѓалиштето се наоѓа на околу 2 километри од селото Ташмаруништа, на земјениот пат кој води кон селото Добовјани.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Археолошките ископувања се изведени во период од 2000 до 2004 година.[2] Според податоците добиени од Б. Тодоровски, при изградбата на малата црквичка биле откриени темели и мозаичен под од постара градба.[1]
Со изградбата на новата црква „Св. Мартинијан“ за жал биле уништени подовите во наосот и можеби основите на колонадата. Но, подот на нартексот е покриен со керамички плочи кои се сочувани и овој вид на обложување на поплочување продолжува и во протиронот.[2]
Биле откриени бронзени монети од императорот Анастазиј I и Јустинијан I. Според мозаиците и откриените монети може да се заклучи дека базиликата била изградена на крајот на V век, а во употреба била и во VI век.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Ранохристијанската базилика „Св. Мартинија“ имала трикорабна градба со нартекс и протирон.[2]
Храмот имал должина од 17,3 метри. Олтарниот простор завршува со тространа правоаголна форма. Оваа градба по својата архитектонска концепција е единствена во областа на Струга и Охрид. Необичната концепција на влезот како да го заменува егзонартексот. Слични појави има во ранохристијанските базили на јадранското крајбрежје, иако и во базиликата кај Студенчишта е откриен сличен влез од страна на атриумот.[2]
Просторијата западно од нартексот најверојатно служела како крстилница.[2]
Остатоци од раскошното уредување на подот на наосот се сочувани во бочните кораби, кои останале надвор од новоизградената црква. Мозаичниот под е изработен со тесели во три бои, црвена, црна и бела од локален камен.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Остатоци од базиликата
- Денешната црква и базиликата
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Главје — средновековна населба и топилница;
- Градиште — утврдена населба од римско време;
- Млака — сакрален објет и некропола од доцноантичко време;
- На Чука — сакрален објект од доцнохристијанско време;
- Св. Димитриј — сакрален објект од доцноантичко време;
- Ташмаруништа; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Струшко.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 398. ISBN 9989-649-28-6.
- 1 2 3 4 5 6 7 Грозданов, Цветан (2009). Христијански светилишта во село Ташмаруништа. Вера Битракова -Грозданова. Музеј на Струга.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Св. Мартинијан (Ташмаруништа) на Ризницата ?
