Долна Црква (Мислодежда)
Долна Црква — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Мислодежда. Претставува некропола од доцниот среден век. Се наоѓа на околу 2-3 км северозападно од селото, каде се гледаат камени плочи од гробни конструкции. Според топонимот, би требало да се очекуваат и остатоци од сакрален објект, што засега не е пронајдено.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Мислодежда;
- Сред Село — некропола од доцноантичко време;
- Црква — црква и некропола од средниот век.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |