Калдрма (Радожда)
Калдрма — пат од римското време во атарот на селото Радожда, Македонија. Се наоѓа на 300 метри западно од селото, на падините на Јабланица и води кон преминот Ќафасан. Трасата е поплочена со камени блокови и грижливо изведени рабови, а ширината изнесува 2,5-3 метри. Патот е сочуван и видлив во должина од 100 метри со прекини (31; 4; 19; 19; 21 метар), а потоа се губи во густото зеленило на планината.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Св. Арангел — пештерна црква од доцниот среден век;
- Радожда; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Струшко.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 397. ISBN 9989-649-28-6.