Краста (Калишта)
Краста — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Калишта. Претставува утврдување од римско време. Според кажувањата на мештаните, јужно од селото, на висок рид без вегетација имало остатоци од ѕидови, грамади од кршен камен и фрагменти од керамички садови и питоси. Од ова наоѓалиште потекнува и торзо на статуа на Артемида, која сега се чува во селото.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Калишта;
- Калишта — населба од бакарно време;
- Лозја - Бузелица — осамен објект од доцноантичко време;
- Манастир Св. Богородица — осамен наод од римско време;
- Св. Никола — црква и некропола од средниот век.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |