Кале (Буринец)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кале

Карта

Местоположба 41°23′32″N 20°37′58″E / 41.39222° СГШ; 20.63278° ИГД / 41.39222; 20.63278Координати: 41°23′32″N 20°37′58″E / 41.39222° СГШ; 20.63278° ИГД / 41.39222; 20.63278
Основни податоци
Место Буринец
Општина Струга
Тип

 утврдена населба


Период железно време
среден век
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште кај струшкото село Буринец. Претставува утврдена населба од железното време и средниот век.

На околу 7 км северно од селото Локов и на околу 3 км југоисточно од селото Буринец, на левата страна од патот Буринец - Локов, на висок рид со доминантна местоположба се наоѓаат темели од тврдина градени од обработени камени блокови и варов малтер. Градиштето зафаќа простор од 200 × 80 м. На источниот дел од тврдината, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови од железното време.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Бурлица — населба од доцниот среден век
  • Црквиште — сакрален објект од средниот век век

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 399. ISBN 9989-649-28-6. Во изворот наоѓалиштето погрешно се води во с. Селци.