Устие на Дрим (археолошко наоѓалиште)
Устие на Дрим — археолошко наоѓалиште во градот Струга. Претставува населба од неолитското и бакарното време.
При проширувањето на коритото на Црн Дрим во 1961 година, кај истекот на реката во Охридското Езеро е откриена населба со наколни живеалишта. Заедно со остатоците од столбовите–носачи на дрвената платформа е најден голем број археолошки предмети, и тоа фрагменти од керамички садови, секири од камен, ножеви и стрели од кремен, како и харпуни и шила од еленски рогови.[1]
Според типолошките карактеристики на наодите, особено на керамиката, се работи за остатоци од рибарска населба од крајот на доцниот неолит, во која се присутни влијанија од доцнобакарните култури од јужната зона на јадранскиот брег.
Наодите се чуваат во Народниот музеј во Струга, во Музејот во Охрид и во многу приватни збирки.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 399. ISBN 9989-649-28-6.