Манастирец (Дренок)
Манастирец — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Дренок. Претставува сакрален објект од доцниот среден век. Се наоѓа на околу 1,5 км западно од патот Дебар-Струга. Сместен е на пространа тераса, со површина од околу 3-4 хектара, на која се среќаваат грамади од кршен камен, тули, покривни ќерамиди, а се гледаат и темели од објекти. Во непосредна близина на наоѓалиштето се наоѓаат остатоци од пат пробиен во карпа.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |