Добовјани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Добовјани
Добовјани is located in Македонија
Добовјани
Местоположба на Добовјани во Македонија
Координати 41°15′1″N 20°39′36″E / 41.25028° СГШ; 20.66000° ИГД / 41.25028; 20.66000Координати: 41°15′1″N 20°39′36″E / 41.25028° СГШ; 20.66000° ИГД / 41.25028; 20.66000
Општина Coats of arms of None.svg Општина
Население 168 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6330
Повик. бр. 046
Надм. вис. 790 м
Commons-logo.svg Добовјани на Ризницата

Добовјани е село во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Добовјани се наоѓа во централниот дел на Струшко Поле, на десната страна на Црн Дрим, во Општина Струга. Селото до 2004 година припаѓало на сега непостоечката Општина Велешта. Се работи за рамничарско село кое се наоѓа на надморска височина од 790 метри. Добовјани се наоѓа на 12,1 километар оддалеченост од градот Струга. Селото поседува еден од најмалите атари во Република Македонија - само 1 квадратен километар.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото било зафатено со борбите за време на Илинденското востание.

Познатиот српски писател Бранислав Нушиќ во својот патепис Крај бреговите на Охридското Езеро вака го опишува селото Добовјани во првата половина на 20 век:

Погоре од Велешта, на Дрим, лежи селото Добовјани со 35 арнаутски куќи. Ова село лежи од двете страни на реката, а од десната страна има само три куќи. Куќите се многу расштркани. Тука е и мостот на Дрим преку кој води пат за Dебар и Струга, а тука е и друмскиот ан кој го држат Арнаути, синови на некојси Шаит од Добовјани.

На крајот на XIX век, селото дел од Струшката нахија, во Охридската каза на Отоманската Империја.

Според податоците од 1873 година, селото имало 42 Македонци мажи.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Во селото најзастапено е полјоделството. Обработливото земјиште зафаќа 79.8 хектари. Селото припаѓа на хидросистемот „Струшко поле“, поточно на потсистемот „Ложани“.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Добовјани живееле 390 жители, од кои 240 Македонци и 150 Албанци.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 475 жители, од кои 473 Албанци и 2 останати.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 390[2] 173 197 261 306 367 424 475

Во 1961 години бројот на жители изнесувал 261. Во 1994 година, бројот бил двојно зголемен и селото броело 424 жители, исклучиво од албанска националност.

Родови[уреди | уреди извор]

Добовјани е албанско село.

Родови во селото се: Мусаи (12 к.) доселени се од областа Матија во Албанија, они се први доселени во селото, доселени се во 1800та година. Ја знаат следната генеологија Алија (жив на 54 год. во 1980 година) Шабан-Реџеп-Аљуш-Ајдар-Муса, основачот на родот кој се доселил; Туши (14 к.) доселени се од дебарско, дошле после претходниот род; Полиси (12 к.) доселени се од селото Полис во близина на Елбасан, Албанија; Халку (6 к.) доселени се од дебарско; Дешку (2 к.), Шеху (2 к.), Винца (1 к.) и Каца (1 к.) доселени се од соседното поголемо село Велешта, подалечно потекло на овие родови е од дебарско.[5]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

За време на избори се гласа во основното училиште.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 97 стр.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 102-103.
  2. 2,0 2,1 „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика. 
  5. Jovan., Trifunoski, (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. SANU. ISBN 8670251582. OCLC 466478840. http://worldcat.org/oclc/466478840. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]